Ново засилување за шампионот – се враќа десниот бек Хосни!

Ново засилување за шампионот – се враќа десниот бек Хосни!

Репрезентативецот на Тунис, Усами Хосни, добро познат на македонската ракометна јавност, повторно ќе настапува во шампионот Еурофарм Пелистер.

Десниот бек се враќа во Битола и ќе биде четвртото засилување во таборот на актуелниот првак

Искусниот ракометар во сезоната 2022/23 го носеше зелениот дрес и беше меѓу најзаслужните што битолскиот тим по пауза од 18 години ја освои шампионската титула.

Во Лигата на Европа исто така имаше забележителни партии и настапот во второто по ранг европско натпреварување го заврши со 20 погодоци.

Откако си замина од Еурофарм Пелистер, Хосни се пресели во Азија и беше член на Ал Араби од Кувајт.

Еурофарм Пелистер за следната сезона ги ангажираше двајцата искусни голмани – Никола Митревки од Порто и Филип Ивиќ од Шамбери, како и хрватскиот пивот Кајо Цикатиќ.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ