Очигледно дека се создадени „лош“ наставник како и „лошо“ дете

Колумна на Владимир Величковски: 

Луѓето длабоко се вознемирија заради трагичното масовно убиство во белградско училиште. Врсничкото насилство не е само поим туку сурова реалност во свет во кој потонаа сите етички норми. Реагиравме емотивно, ама не добивме стручно објаснување, покрај тоа што имаше повеќе најави за продлабочување на кризата. Учениците имаа повеќе стресни ситуации вклучително и неспособноста на Министерството (погледајте само какви министри раководат со клучни ресори). Немајќи одговор на тоа како едно мирно, и успешно дете се претвора во монструозен убиец „стручњаците“одвај се досетија: виновни сме биле сите ние (Антонен Арто го напиша познатиот текст „Ван Гог самоубиец на општеството“). И во тоа има вистина, како што е очигледно дека се создадени „лош“ наставник како и „лошо“ дете (како и „лош“ маж и „лоша“ жена“). Родителот, од своја страна треба да знае како и што да му каже на своето дете, особено да умее да разговара со него, со взаемна доверба. Тие се деца на комјутерската дигитална ера и тоа (разбирливо) станува нивната зависност (од која тешко се одвикнуваат). Со мобилката и слушалките во увото се засилува нивниот интерес за еден виртуелен свет и желбата да се одвојат од светот на грдата стварност, не правејќи (критички) разлика меѓу чулниот и медиумскиот свет на сликата и содржината. Отуѓеноста ги зафаќа сите сфери на животот. Образованието, покрај образовната, може да има морална и воспитна улога. Некој треба да ги научи децата како да го препознаат проблемот (според финскиот модел). Не постојат идеални услови, меѓутоа првата и клучна улога може и треба да ја имаат родителите но како да ја оствараат својата природна функција кога се фрлени во челустите на приватизација и рекламираниот консумеризам, во тешка борба за опстанок?

Инаку, во Скопје не застанува дивеењето на оние на кои „им се може“,најверојатно и на оние во кои има бес и гнев, инстинкт на деструкција. Најново: некој посакал тревникот на поликлиниката „Бит пазар“ да го претвори (по работното време) во паркиралиште. Сторителите веднаш биле приведени. Зошто тоа не се случува и со високиот криминал? Продолжува обновувањето на салата Партизан, ама не и на Универзална сала која е непријатно разрушена. Такви се и грдите галии во центарот: една не е во функција, со поглед на загадените и плитки води на Вардар река, како и на трите концептуални, ама навистина жални врби. Подобри „концептуалисти“ се питачите на улица. Во населбата Бутел се најави изградба на пат кој поминувал низ приватни дворови, кои биле државни. Такви  грешки и незаконско работење имаше и многу порано. Упорно се зборува за нова бетонизација: не се знае што може да се случи во Расадник, на Аеродром и тн

Шестемина кандидати за ректор на УКИМ не рекоа ништо ново, а ниту еден не спомна за кич-уништувањето околу и во дворот на УКИМ, нагрден комплекс наспроти модерните и антиквизирачки судски палати во истиот регион на ул. „Битпазарска. Не се заинтересирани за уметност и култура.

Проектираниот Клинички центар во Скопје, толку неопходенне почна ни да се гради, а за тоа требало да се платат пенали, од сиромашна и криминално ограбувана земја – во процес што трае. Уште малку ќе нема кој, и со што да не лекува...

Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Ѓорѓески: Со максимален ангажман од сите играчи можеме до победа против Вардар

После тринеделната пауза поради репрезентативните обврски и завршницата...

Николов и Начевски со голем предизвик – ќе судат дуели за титула во Саудиска Арабија!

Македонските арбитри Славе Николов и Ѓорѓи Начевски пред...

Колумна: Мицкоски Versus Мицотакис – OhridNews

Абре таман сиромајот се фати на орото одма се...

Металург Автокоманда ја задржа перспективната Беровиќ

Share Левиот бек Таида Беровиќ и во следната сезона...