Од Вардар во Ѓорче Петров – Трајкоска е прво засилување во македонскиот шампион

Македонскиот шампион Ѓорче Петров во новата сезона ќе биде посилен со голманка Јована Трајкоска.

Младата голманка потекнува од школата на Вардар и во „црвено-црниот“ дрес ги мина сите младински категории.

За сениорскиот тим на Вардар настапуваше од сезона 2019/20 и заедно со вардаровиот тим два пати играше во финалето од Купот на Македонија.

Со екс првакот на Македонија во сезона 2021/22 учествуваше во рамките од Европскиот Куп.

20-годишната голманка на репрезентативно ниво беше дел од младинската репрезентација на Македонија и неколку пати се најде на поширокиот список во сениорскиот национален тим.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

ИЗБЕРЕТЕ ГО ИДЕАЛНИОТ ТИМ НА СЕЗОНАТА 2023/2024 – ЖЕНИ (АНКЕТА)

Втора сезона по ред редакцијата на 24Ракомет, единствениот...

ИЗБЕРИ ГО ИДЕАЛНИОТ ТИМ НА СЕЗОНАТА 2023/2024 – МАЖИ (АНКЕТА)

Зад секој успех на тимот стојат и поединци...