Офтедал за 24Ракомет: Ова е совршен крај на клупската кариера!

Офтедал за 24Ракомет: Ова е совршен крај на клупската кариера!

Покрај шестата титула во Лигата на шампионите за Ѓер, вечерва во центарот на вниманието беше и норвешката легенда Стине Офтедал, која го одигра последниот натпревар во клупската кариера.

Таа ќе биде дел од составот на норвешката репрезентација на ОИ, а таму ќе му каже збогум на ракометот.

Во изјава по мечот, таа ја прокоментира победата над германскиот Битигхајм во финалниот меч во „МВМ Арена“ во Будимпешта.

„Во финалето влеговме со мислата дека се зависи од нас и доколку покажеме слабост, ривалот тоа ќе го искористи. Како клучен фактор на финалниот викенд беше нашата одбрана, која со текот на сезоната стануваше се подобра. Чувствував дека може да го направиме ова, но истовремено потребно беше истото и да го докажеме на теренот. Се боревме со доста подеми и падови во текот на сезоната, но на крајот успеавме да го постигнеме овој успех кој навистина многу ни значи. За мене ова е совршен крај на клупската кариера“, вели Офтедал за 24Ракомет.

За неа сите соиграчи имаат само прекрасни зборови.

„Премногу ми значи фактот тоа што соиграчите ме доживуваат како прекрасна личност, а тоа можеби е многу повеќе отколку триумфот на теренот“, вели Офтедал.

Ѓер се врати на европскиот трон – дебитантот немаше сили за нова сензација

Офтедал е МВП на Ф4 во Будимпешта, Вјахирева е нај стрелец



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ