ОХРИД 2023: Бешикташ по шпански ноти до победа над Голден Арт

Првиот дуел на отворањето на меѓународниот ракометен турнир „Крсте Андоновски-Усташ“ им припадна на турските ракометари, откако Бешикташ беше поуспешен од Голден Арт со 29-23(12-11). Турскиот вицепрвак оваа сезона има амбиции за враќање на трофејот во домашниот шампионат, а кон тоа треба да ги води искусниот шпански стратег Рој Камино, кој своевремено беше дел од стручниот штаб на моќната Барселона.

Гостите од Турција го отворија резултатот, а Голден Арт со низа од три гола ја презема иницијативата и предноста на дуелот. Така беше до средина на првиот дел кога Бешиткаш го израмни резултатот на 4-4, што беше сигнал за прв тајм-аут на клупата на скопскиот суперлигаш. Но, ништо не се промени по минутата одмор, Голден Арт грешеше во нападот, а Бешикташ го врати почетното водство и минута подоцна имаше напад за „плус два“. Средината на подготовките ги покажа слабостите на двете екипи, а техничките грешки беа главниот заеднички деноминатор во овој период од натпреварот.

Во 20. минута Пјачковски го одведе Бешикташ на „плус два“. Добрата одбрана, расположениот Даскаловски и пет минути беа потребни за Голден Арт да го израмни резултатот, а во 27. минута преку Даев ја вратија и минималната предност. Сепак,  крајот на првото полувреме Бешикташ го искористи да воспостави контрола над резултатот и на пауза замина со гол предност, 12-11.

Второто полувреме Бешикташ го започна со променет состав, а во ротацијата на тренерот Камино се најдоа речиси сите ракометари. Тоа не влијаеше на играта на турскиот претставник кој ја продолжи низата од првиот дел за 15-11 по пет минути во вториот дел.

Во продолжение двете екипи имаа свои моменти, Голден Арт се обидуваше да го достигне водството на противникот, но Бешикташ беше посилен противник. Разликата од четири голови се одржуваше низ средината на второто полувреме, а потоа по низата грешки во нападот на Голден Арт, Бешикташ ја зголеми на високи „плус осум“ во 48. минута, 25-17. Тоа беше знак за аларм на клупата на македонскиот суперлигаш која побара нов тајм-аут. Но слично како и во првото полувреме, продолжија грешките за скопскиот тим. Затоа во 53. минута разликата меѓу двете екипи ја надмина двоцифрената граница, 28-18.

Кога веќе беше познат победникот, во завршницата, Голден Арт намали дел од високата разлика за конечни 29-23.

Голден Арт и Бешикташ се во групата А на турнирот во Охрид каде ќе се сретнат со Олимпијакос и домаќинот Охрид.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Стружани „брусат“ нов дијамант – Клењоски дебитираше во Супер лигата на 13 години!

Струга отсекогаш важела за расадник на ракометари, и...

„Опенхајмер“ ита кон Оскарите по наградата SAG

Историскиот еп за создавањето на најсмртоносното оружје „Опенхајмер“ освои...

Што не го изгласаат законот за продолжување на пасошите, наместо ДА ДРАМАТ ЗА ОБРАСЦИ НА ГРАНИЦА?

СДС уште еднаш ја докажаа својата неспособност. Помпезното пречекување...