ОХРИД 2023: Бешикташ – турскиот гигант се враќа на старите патеки

Од 23 до 26 август во СРЦ „Билјанини Извори“ ќе се одржи второто издание на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски Усташ“ со учество на осум екипи. Покрај домаќинот Охрид, од Македонија ќе играат екипите на Голден Арт, Бутел Скопје и шампионот Еурофарм Пелистер, додека од странство ќе дојдат турскиот Бешикташ, грчкиот Олимпијакос, српската Металопластика Шабац и словачкиот Татран Прешов. 24Ракомет Ви ги претставува сите учесници…

Поранешниот турски првак и учесник во Лигата на шампионите, Бешикташ, полека посакува да се врати на старите патеки, кога немаше конкуренција во Турија, а успешно настапуваше и во Европа.

Претстојната сезона ќе ја започнат со шпански тренер на клупата и со четири одлични засилувања, кои ќе треба да ја носат играта. Рој Камино, Шпанецот кој работеше во Барса, Сабадељ, Сан Марти, Сан Естеве и Замалек ќе го води Бешикташ.

Покрај Камино, турскиот тим ги донесе десниот бек Михајло Радојковиќ, кој беше еден од носителите на играта во словенечкиот Тримо Требње, како и поранешниот пивот на Висла Плоцк, Матеуш Пиечовски.

За Бешикташ потпишаа уште и левиот бек Тобијас Цветко од Словенија, и шпанскиот среден бек Франциско Кастро Пења. Од староседелците тука се пикерот од Алжир – Хишем Кабеш и средниот бек од Србија – Никола Арсениќ.

Натпревари на Бешикташ на турнирот „Крсте Андоновски Усташ“

23/08, 11:00 часот, Голден Арт
24/08, 18:00 часот, Олимпијакос
25/08, 20:15 часот, Охрид
26/08, за пласман

Повеќе детали за турнирот во Охрид 2023, вести, табели, резултати, претставување на екипите, распоред на натпреварите,… ќе можете да најдете во делот посветен за турнирот на www.24rakomet.mk во главното мени на страната што ќе биде активен во вторник на 22 август 2023.

.

Следете не на нашата страница на Facebook и бидете дел од Viber заедницата на 24Ракомет и добивајте ги сите информации веднаш на вашиот телефон.
Можете и да коментирате, да ги кажете вашите размислувања под секоја објава на веста на Вибер.
.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

„Забавно е да се игра во Битола“

Голманот на Вардар, Мартин Томовски никогаш во својата...

Кадетското злато остана во Автокоманда

Домаќинот на кадетскиот турнир од Ф4, не залудно...

Младост ја продолжува борбата за второто место во прволигашкиот плеј-оф

Тимот на Младост Богданци пред својата публика не...

Радовиш чекор поблиску до суперлигашки бараж

Екипата на Радовиш пред својата публика одигра според...