Тимот на Бутел Скопје пред стартот на новата сезона сврти нов лист и реши да го реновира ростерот со кој ќе се обиде да ги повтори успесите што ги имаше претходните сезони. Во Охрид почнува финалната серија на тестови пред почетокот на сезоната и ќе се бруси формата за она што претстои.
Тренерот Кузманоски ќе има на располагање подмладен, но состав кој ќе може повторно да се бори за повторување на најголемиот клупски успех – третото место во Суперлигата.
Скопјани на турнирот се во група со Еурофарм Пелистер, Металопластика и Татран. Во првоот коло се среќаваат со Еурофарм Пелистер.