По финалниот натпревар на турнирот „Крсте Андоновски“ кој го доби Еурофарм Пелистер со 30-27, беа доделени и индивидуалните признанија.
Најкорисен играч на турнирот е десното крило на македонскиот првак Еурофарм Пелистер, Ненад Костески.
Најдобар стрелец на второто издание на меморијалниот турнир е левото крило на Охрид, Гоце Ојлески.
За најдобар чувар на мрежата беше прогласен голманот на Олимпијакос, Константинос Котанидис.