ОХРИД 2023: Татран Прешов – по сезоната за заборав, следуваше огромен ремонт

Од 23 до 26 август во СРЦ „Билјанини Извори“ ќе се одржи второто издание на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски Усташ“ со учество на осум екипи. Покрај домаќинот Охрид, од Македонија ќе играат екипите на Голден Арт, Бутел Скопје и шампионот Еурофарм Пелистер, додека од странство ќе дојдат турскиот Бешикташ, грчкиот Олимпијакос, српската Металопластика Шабац и словачкиот Татран Прешов. 24Ракомет Ви ги претставува сите учесници…

Словачкиот вицепрвак Татран Прешов долго време доминираше во тамошното првенство, но минатата сезона беше заменет на тронот од тимот на Повашка Бистрица, кој ја доби финалната серија со 3-2 во победи.

На европска сцена исто така немаше успех за словачкиот тим, а мала утеха беше само трофејот во Купот на Словачка, каде беше совладан убедливо тимот што му ја зема титулата во првенство, Повашка Бистрица.

Тренерот Марек Гернат веќе не е на клупата на Татран Прешов и беше заменет од Павел Јано, а од играчкиот ростер заминаа дури осум ракометари, додека досега беа донесени шест засилувања.

Заминаа голманите Тилен Либен во Слован и Маркос Колодети во бундеслигашот Хам Вестфален, левите крила Давид Михалка во Тополчани и Серхио Лопез во Куенка, а пивотот Роман Царапкин ја засили ЦСКА Москва.

Татран остана и без трио бекови – десниот бек Никола Ивановиќ се пресели во романската Баја Маре, средниот бек Лукаш Гогола во австрискиот Фуксе, а легендата на клубот, левиот бек Оливер Рабек, потпиша за катарскиот Ал Сад.

Нови имиња во составот на Јано се повратникот голман Марио Цвитковиќ, десното крило Јозеф Хозман, десниот бек Даниел Полански, потоа Марк Ковач, како и двоецот кој дојде од шпанскиот Бургос – левиот бек Адама Сако и пивотот Лукас Аракса.

Натпревари на Татран Прешов на турнирот „Крсте Андоновски Усташ“

23/08, 20:15 часот, Металопластика

24/08, 20:15 часот, Еурофарм Пелистер

25/08, 13:15 часот, Бутел Скопје

26/08, за пласман

Повеќе детали за турнирот во Охрид 2023, вести, табели, резултати, претставување на екипите, распоред на натпреварите,… ќе можете да најдете во делот посветен за турнирот на www.24rakomet.mk во главното мени на страната што ќе биде активен во вторник на 22 август 2023.

.

Следете не на нашата страница на Facebook и бидете дел од Viber заедницата на 24Ракомет и добивајте ги сите информации веднаш на вашиот телефон.
Можете и да коментирате, да ги кажете вашите размислувања под секоја објава на веста на Вибер.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

„Забавно е да се игра во Битола“

Голманот на Вардар, Мартин Томовски никогаш во својата...

Кадетското злато остана во Автокоманда

Домаќинот на кадетскиот турнир од Ф4, не залудно...

Младост ја продолжува борбата за второто место во прволигашкиот плеј-оф

Тимот на Младост Богданци пред својата публика не...

Радовиш чекор поблиску до суперлигашки бараж

Екипата на Радовиш пред својата публика одигра според...