ОХРИД 2023: Турнир кој сака традционално да биде најдобар и најпосакуван

Во деновите што следуваат тимот на 24Ракомет почнува со одбројување до почетокот на второто издание на најновиот македонски ракометен турнир „Охрид 2023“ што има амбиции да биде традиционален, долговечен, најдобар и најпосакуван. Секојдневно преку различни текстови ќе ви ги претставиме сите екипи учесници, нивните очекувања, историјатот на турнирот, интересни детали за турнирот. Турнирот ќе се игра од 23 до 26 август со учество на осум екипи од пет земји… Ве чекаме во Охрид во сала!

Охрид секогаш бил спортски град, и водените спортови најмногу го прославиле ова населено место на брегот на Охридското Езеро во меѓународни рамки. Покрај индивидуалните спортови во Охрид отсекогаш имало и добри клубови во екипните спортови. Ракометот со децении е традиција која успешно продолжува, иако со периоди на искачувања и падови. Но, успесите што ги постигнувале тимовите во минатото секогаш биле заедно со индивидуалците што потекнуваат од градот.

Ракометно гледано еден од најзаслужните за развојот на ракометот во Охрид е Крсте Андоновски. Иако бил аматер, во ракометот бил посветен повеќе од професионалец. Секаде каде работел, имал резултати и неговата работа била признаена во време кога во бившата повеќемилионска држава во минатиот век имало многу спортски умови.

Сакајќи да му оддадат почит на својот ракометен учител, тренер и преродбеник кој имаше визија, веќе втора година се одржува меѓународен ракометен турнир – „Крсте Андоновски – Усташ“. Лани првпат беше востановен овој турнир и прв и засега единствен освојувач на турнирот во Охрид е екипата на Тиквеш која триумфираше во 2022 година.

Крсте Андоновски освен што бил играч, повеќе се посветил на обрзованието, на подготовката на екипите, на нивното водење. Почнува како средношколец кој станува заљубен во ракометот и игра во Работнички Скопје. Откако го завршува школувањето се враќа во Охрид каде игра и ја завршува кариерата. Но, тогаш почнува неговата вистинска пасија. Целосно е посветен кон водењето и подготовката на екипите. Завршува школа за ракометни тренери во Србија, но продолжува да се усовршува.

Специјализира во тренерската струка низ различни делови од Југославија, и епредавач на многу семинари за тренери низ Југославија и Македонија. Бил повеќепати тренер на Пелистер, потоа на ЕМО Охрид, ОТЕКС Охрид, Тутунски Комбинат, Прилеп и Партизан Кичево.

Ќе остане запаметен дека со генерација од само битолски ракометари за една година го внесува тимот во Прва сојзуна лига, го освјува Купот на Македонија и стигнува до четвртфинале на Купот на Југославија. По серијата на успеси, многу екипи од Југославија го посакуват во своите редови, но Андоновски останува во својот Охрид.

Во Југославија повеќе од 8 години е член на стручниот совет, а во 1967 година бил тренер на младинската репрезентација на Јигославија. Го добива звањето – сојузен тренер. Во Македонија долги години бил селектор и тренер во различни категории во машка и женска конкуренција, а 12 години претседател на стручниот совет. Под негово водство се создаени повеќе македонски ракометари кои подоцна постигнуваат одлични резултат како: Абдула Јусуфовски, Боро Чурлевски, Стефче Стефановски, Горан Андоновски….

Годинава на турнирот има осум екипи од пет земји поделени во две групи. Ќе се игра по принципот „секој со секого во групата“, а потоа се разигрува за пласман според освоеното место во групната фаза.

Меморијален турнир „Крсте Андоновски Усташ“:

ГРУПА А: Охрид, Бешикташ, Голден Арт, Олимпијакос

ГРУПА Б: Еурофарм Пелистер, Металопластика, Татран Прешов, Бутел Скопје

Повеќе детали за турнирот во Охрид 2023, вести, табели, резултати, претставување на екипите, распоред на натпреварите,… ќе можете да најдете во делот посветен за турнирот на www.24rakomet.mk во главното мени на страната што ќе биде активен во вторник на 22 август 2023.

.

Следете не на нашата страница на Facebook и бидете дел од Viber заедницата на 24Ракомет и добивајте ги сите информации веднаш на вашиот телефон.
Можете и да коментирате, да ги кажете вашите размислувања под секоја објава на веста на Вибер.
.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Француски документарен филм за конфискуваната колонијална уметност е победник на Берлиналето

Добитник на Златната мечка за најдобар филм на овогодинешното...

Дивата од модните писти слави 58 роденден: Се трудам да бидам добра

– Благодарна за уште еден сет роденденски свеќички –...

Големо невреме зафати делови од БиХ – училишта и болници останаа без покриви

Силно невреме придружено со силен ветер во текот на...

Димитриевски: ЗНАМ нема да поддржи избор на претседател во Собранието

Вакви барања секогаш доаѓаат во предизборен период, и наводно...