Орјоникидзе за 24Ракомет ТВ: Имам само убави спомени од Македонија, со Охрид ќе бркаме ТОП 4

По четири сезони во други странски клубови, грузискиот репрезентативец Теимураз Орјоникидзе се врати во Македонија. Тој настапуваше своевремено за Прилеп и Еурофарм Пелистер, а сега е дел од амбициозниот клуб Охрид.

Орјоникидзе по заминувањето од Македонија настапуваше за унгарските тимови Орошази и Ференцварош, потоа за романската Решица и за финскиот Рихимаки Кокс.

Грузискиот лев бек веќе соработуваше со Стевче Алушовски во Битола.

„Во Македонија ме вратија убавите спомени од Прилеп и Битола. Го познавам Стевче, сакав пак да работам со него и знам дека Охрид има високи амбиции, а јас сакам да им помогнам да ги остварат целите и да играм со Охрид во Европа. Среќен сум што сум тука и ќе се обидам да го дадам најдоброто од себе за да му помогнам на клубот да ги оствари целите“, вели Орјоникидзе за 24Ракомет.

Грузискиот лев бек вели дека македонскиот шампионат е меѓу најдобрите и најсилните во Европа.

„Знам дека сега шампионатот на Македонија е посилен од времето кога јас играв тука. Македонската Суперлига е меѓу најсилните во Европа, можеби во ТОП 7. Има многу добри клубови овде, порано беа само Вардар и Металург во врвот, но сега има многу повеќе што се борат за највисоките позиции“, продолжи Орјоникидзе.

Охрид беше на подготовките во Маврово, каде одигра и пријателски дуел со двократниот европски првак Вардар и победи.

„Имавме добри подготовки, добра организација во клубот и се надевам дека можеме да постигнеме голем успех во Македонија. Не знам како ќе заврши сезоната, но мислам дека можеме да бидеме во најдобрата тројка или четворка. Посакувам сезона без повреди, а другото само по себе ќе си дојде“, заврши Орјоникдзе.

Последните тестови пред стартот на сезоната Охрид ќе ги има на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски Усташ“ каде ќе одигра четири меча во четири дена, а потоа најверојатно ќе тестира и со ПАОК од Солун.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Трикратниот освојувач на ЛШ ќе игра и на 37 години

Поранешниот репрезентативец на Германија, Тобијас Рајхман, ова лето...

🎥 Ѕирнете одблизу: Како Николов и Начевски го судеа финалето на ЛШ

Европската ракометна федерација (ЕХФ) во штотуку изминатата сезона одлучи...

🎥 Ѕирнете одблизу: Како Николив и Начевски го судеа финалето на ЛШ

Европската ракометна федерација (ЕХФ) во штотуку сезона одлучи правдата...

Колку заработија екипите што играа во ЛШ?

Европската ракометна федерација (ЕХФ) во изминатата сезона подели...