Освои второ место во Данска и веднаш доби договор до 2027 година

Освои второ место во Данска и веднаш доби договор до 2027 година

Поранешниот селектор на Исланд, Гудмундур Гудмундсон ќе ја предводи данската Фредериција најмалку до 2027 година.

Откако овој тим го освои второто место и беше поразен во финалната серија од силниот Алборг со 2-1 во победи, раководството реши да ја продолжи соработката со исландскиот стратег.

Тој имаше валиден договор до 2025 година, но очигледно одличните партии на тимот во финалето на данскиот шампионат, ги натера челниците да го „врзат“ за уште две сезони.

Во тимот на Фредериција настапуваат двајца некогашни членови на Еурофарм Пелистер, Себастијан Хенеберг и Реине Табоада.

Данскиот клуб се пријави за вајлд-карта за следната сезона во Лигата на шампионите.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ