Ракометарките на Овче Поле СУ победнички ја стартуваа новата сезона во Женската лига, откако на гостувањето кај Шампион триумфираа со 30:22 (6:16).
Разликата во квалитет беше видлива уште во првиот дел, во кој гостинките од Свети Николе покажаа доминација на теренот и рутински ги одработија вторите 30 минути.
Овче Поле во победата над Шампион беше предводен од Стефанија Павловска и Јована Конева, кои постигнаа по седум погодоци, шест реализации запиша Наталија Манева.
Кај домаќинот прво име беше Анастасија Ѓорѓиева со пет погодоци, по четири додадоа Тијана Мурџеска, Марија Бојковска и Ева Трпкова.