Па, нели, немаше повеќе партиски функционерчиња да стануваат директори на важни државни служби?

Па, нели, немаше повеќе партиски функционерчиња да стануваат директори на важни државни служби?

Партизираноста на државата е една од најголемите пречки за правилен развој на Македонија. Пикање на партиски функционери во сите важни пори на општеството е дури и опасно. Не секој може да ракводи, да донесува одлуки… А партиите на власт (било која во минативе 30 години) најчесто баш такви кадри ни сервира.

Пред избори СДСМ ветуваше дека ова веќе нема да се повторува и дека на важни раководни места ќе се поставуваат професионалци, зналци… И? Дали е така, го спроведуваат ли ветеното?

Во македонската Царинска управа, вчера, во кабинетот наменет за директор влезе Стефан Богоев, партиски кадар на СДСМ. Зад себе како работно искуство има само градоначалникувањето во скопската општина Карпош и секако во партијата има некакви си функции.

ДУИ не заостанува. Неодамна кога бил поставен за директор на Бирото за метрологија актуелниот директор Авдуљ-Селам Селами мислел дека треба да се занимава со метеорологија, односно, да ги следи временските прилики. Како што неодамна овој кадар на партијата ДУИ искрено призна, се до скора грешел и потоа научил што, всушност, е метрологија. Но, тоа незнаење не е важно, важно е дека е партиски кадар за да успее да биде директор. 

Вакви примери за поставувањето за директори и други раководители во државните служби на луѓе кои со такви дејности речиси немале никакви врски има многу. На партиите кои се на власт, очигледно, најважно им е да им најдат директорска фотеља на своите членови и активисти, почнувајќи од оние во највисоки партиски структури па до оние кои ги лепат плакатите во изборните кампањи отколку таму да постават професионални кадри. Тоа и доведе до партизираноста на институциите, до воведување на „критериумот“ дека поседувањето на партиската книшка е најважна квалификација и диплома за каква и да е функција во државата.

За жал, гледаме, таквата пракса продолжува и натаму. Во Биро за метрологија се поставува раководител кој не знае ни што е тоа, во Царинската управа сега ќе директорува лице кое до скора се грижело за општинските проблеми во Карпош и кое не ги ни исполнило изборните ветувања дадени на граѓаните…

Во фиоки веќе неколку години на усвојување чека Законот за висока раководна служба кој треба да постави некои стандарди при именувањето на раководителите, но никако да дојде на ред. Најверојатно ќе ни мафтаат со него пред избори дека же го донесат ако ги гласаме.

Треба ли до тогаш вистинските професионалци да се откажат од дипломите и да ги заменат со партиски книшки? Или тие веќе заминуваат од Македонија не можејќи да ги гледаат партиските директори?

Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Сиднеј Универзитет им се придружи на Барса, Веспрем, Магдебург…

Се комплетираа учесниците на претстојното Светско клупско првенство...

Магдебург најде дефанзивец – доаѓа Шпанецот Серадиља

Поранешниот европски првак Магдебург го промовираше второто засилување...

Една од најдобрите руски ракометарки става крај на кариерата!

Една од најдобрите руски ракометарки, Екатерина Илина, ја...

Познати 20 учесници на Мундијалот во 2025 – еве ги можните ривали на Македонија

Откако беше комплетирана листата на учесници од Европа...