Пак ли по хотели ќе се „разговара“ со пратеници за уставни промени, пак ли на „балкански начин“…?

Власта е неверојатно упорна да се смени Уставот. Подзабораваат што вели огромното мнозинство на македонските граѓани дека под диктат не треба да има промена во овој период, ставаат по страна што вели и опозицијата која има свои услови, не се чека ниту резултат од разговорите – преговорите меѓу Ковачевски и Мицкоски…

Морало да има промена на уставот – веднаш. Така вели премиерот Ковачевски, така велат и вицепремиерот за евроинтеграции Бојан Маричиќ и на министерот за надворешни работи Бујар Османи.

– Ќе дадеме уште некоја шанса во наредните денови за опозицијата за да можеме заеднички да го договориме и спроведеме планот за уставни измени. Доколку тоа не се случи и доколку апелите за разумен дијалог од наша страна не вродат со плод кај ВМРО-ДПМНЕ, ние секако дека ќе тргнеме во разговор со секој пратеник, навести вчера Маричиќ.

Бујар Османи, пак, синоќа порача дека со или без лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, ќе има уставни измени.

-Ако Мицкоски до крај партискиот интерес го става над судбината на луѓето, тогаш ќе се најде и алтернативно решение. Која е другата алтернатива? Не знам, ќе видиме, рече Османи.

Навистина, која е другата алтернатива? Тргна ли Владата во некое ново сценарио преку кое ќе обезбедува двотретинско пратеничко мнозинство за да го реализира намисленото – уставни промени? 

Наредните денови ќе покажат што ќе значи одржувањето на средби и разговори со секој пратеник посебно и што е „ново алтернативно решение“? Досегашните искуства во Македонија при промена на Уставот може само да го загрижат секој еден кој е приврзаник на демократијата.

Што власта би разговара со секој пратеник посебно и што ново би можело да биде кажано на таквите средби. Некои нови аргументи има власта кои до сега не ги кажа?

Власта и опозицијата во изминативе месеци разменија многу аргументи околу спорните уставни промени по што се познати сечии позиции. Уште минатата година Маричиќ најавуваше дека ќе ги убедува опозициските пратеници, најавуваше тајни средби со ВМРО-ДПМНЕ, најавуваше притисокот од францускиот претседател Емануел Макрон, од германскиот канцелар Олаф Шолц.. Но, и тоа на власта не и помогна да го собере мнозинството.

Заради тоа, прашањето е какви аргументи сега би можеле да бидат изнесени на одделните средби со секој пратеник. Одговор на тоа треба да го дадат Маричиќ и Османи но, дотогаш, цела атмосфера се повеќе почнува да наликува на онаа од крајот на 2018 година кога македонскиот Устав требаше да се менува за да се смени името на државата и други промени врз основа на Преспанскиот договор со Грција. И тогаш го немаше потребното двотретинско мнозинство, и тогаш имаше најави на владини функционери дека ќе биде обезбедено, тогаш имаше странски дипломати кои даваа засилени пораки дека уставните промени мора да бидат изгласани…

Ќе се јави ли деновиве пак некој странски дипломат кој, како тогашниот еврокомесар Јоханес Хан, ќе порача дека уставните промени ќе бидат направени преку комбинацијата на „балкански и рационален начин“. Ќе има ли пак по скопски хотели убедувања на пратениците?

Време е сите актери околу овој ултиматум да се смени Уставот – да се подзамислат. Македонија не смее повторно да биде сведок на нематната „демократија“.

Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ