Пендаровски не охрабри: СЕ НАДЕВА дека нема да има нови ултиматуми за Македонија

Македонија веќе извесно време е домаќин на многу функционери од ЕУ или од земји членки на Унијата. Високите гости најчесто не ни носат подароци, тие само што ќе го изодат црвениот тепих кој и го постила нашата држава, испорачуваат барање: Сменете го Уставот.

Да, мора да се признае дека голем фел од Европејците ни кажуваат дека многу ја посакуваат Македонија во ЕУ; дека ја разбираат фрустрацијата во Македонија што ЕУ одолговлекува и не ги исполнува своите ветување (додуша не го кажуваат баш така), дека…

Се очекува деновиве да дојдат нови дипломати со истата реторика. Неизвесно е само кои ќе бидат тие. Очигледно е дека Македонија сега им е на мапата за пријателски посети.

Што од сите евробирократи дојдени во Скопје до сега не слушнавме?

Нема одговор на главното прашање на македонската јавност: Дали промената на уставот е последниот болен ултиматум кој се бара од Македонија? Дали потоа ќе се оди само по критериумите кои беа за сите држави кандидатки или за нас ќе има нови барања кои се понижувачки и задираат во прашања за кои ниту една земја во Европа не би се сложила ниту да разговара?

Одговор на ова имаат ли и во македонската власт? Се изборија ли тие да нема нови ултиматуми при преговорите за францускиот предлог?

Претседателот Стево Пендаровски вчера само рече дека тој сметал дека е недозволиво е да се блокираат преговорите на Македонија за влез во ЕУ поради историски прашања. Тој од околу повикувајки се на народот посочи дека „граѓаните со право се прашуваат како да бидат сигурни дека во иднина нема на друга земја членка нема да и текне да ја блокира Македонија со ново барање“.

Е како де да бидат сигурни? Пендаровски, премиерот Ковачевски и министерот Османи имаат некакви гаранции, избоксуваа некаков документ, декларација…? Прашањето што го поставува јавноста го поставуваат ли тие во Брисел?

Еве што околу ова вчера објасни Пендаровски:

-Морам да бидам искрен дека условите кои последните две години ги поставува Бугарија, не можеше никој да ги предвиди дека ќе бидат поставувани. Бидејќи комплетен консензус, во кој учествуваше и бугарската влада во 2017, 2018, 2019 година, кога додаваме Северна кон Македонија, имаше општ консензус дека нови барања нема да има. Со право и граѓаните прашуваат од каде овие барања додаваат. И сега логично прашање е дали ако сега ги направиме овие уставни промени, дали утре-задутре некоја друга земја членка или истава која не блокира 2,5 години наназад, нема да и текне да постави ново барање? Јас се надевам дека нема да се случуваат такви работи, вели претседателот.

Тој се надева! Зарем тој како прв човек на државата не треба повече да знае отколку само да се надева?

А врз основа на што се надева? На некаква добиена гаранција? На веќе постигнат договор или пак таквиот договор сега се токми со ЕУ?

Или онака, претседателот ни е оптимист?

Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ