Песот на Бајден ги каснал тајните агенти најмалку 24 пати


Кучето Командер на американскиот претседател Џо Бајден каснало агенти на тајната служба најмалку 24 пати, според новите документи што ги објави BBC во четвртокот.

Записите на службите покажуваат колкав хаос им направил германскиот овчар на телохранителите на претседателот, пишуваат британските медиуми. Документите се објавени на интернет преку правата за слобода на информациите со имиња цензурирани за да се заштитат идентитетите на агентите и нивните безбедносни стратегии.

Тие покажуваат дека меѓу октомври 2022 година и јули 2023 година, имало најмалку 24 инциденти во кои миленикот на претседателот каснал агенти, по зглобовите, подлактиците, лактите, половината, градите, бутовите и рамената.

Тие записи не ги вклучуваат сите напади на Командер, бидејќи се однесуваат само на агенти на Тајната служба, а не и на други вработени во Белата куќа.

Командер беше отстраент од Белата куќа минатиот октомври, една седмица откако агент побарал лекарска помош поради каснување. Претходниот инцидент во јуни истата година со „длабоко каснување“ резултирало со конци на подлактицата на агентот. Крвта на подот на дел од Белата куќа тогаш го прекина разггледувањето на источното крило на зградата на 20 минути, покажуваат документите.

Во јули истата година, германскиот овчар гризнал агент за раката и тој почнал да „губи значителни количества крв“, покажуваат обновените документи.

Еден од вработените во безбедносните служби напишал дека заштитата на Бајден и неговото семејство мора да бидат „креативна за да се заштитат себеси“ и самите агенти.

„Неодамнешните каснувања нѐ принудија да ги прилагодиме нашите оперативни тактики кога Командер е присуте – ве молам дајте му многу простор“, напишал агентот.

Во јули минатата година, по објавувањето на извештајот за тогаш само 10 инциденти на каснувања за повредите опишани на 194-те страници ниедна не беше опишана како сериозна. претставници на Белата куќа изјавија дека ќе пробаат нови техники за обука на Командер.

Командер е помладиот од двата германски овчари од семејството Бајден. Другото куче на Бајден, Мејџор, исто така, било вклучено во повеќе инциденти со агенти на Тајната служба минатата година, додава BBC.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

МВП НА 8. КОЛО ОД ПЛЕЈ-ОФ/АУТ ВО СУПЕР ЛИГАТА – КОСУКЕ ЈАСУХИРА (ВАРДАР)

Ракометарот на Вардар, Косуке Јасухира, го доби признанието...

Чаневски одличен, Макаби Ришон од второ место во полуфиналето на плеј-оф

Израелскиот шампион Макаби Ришон Ле Зион, каде што...

Митревски „спушти ролетна“, Порто ја надигра Бенфика на Талески

Македонскиот репрезентативен голман Никола Митревски ја продолжи одличната...