Петрова ја презема директорската позиција во УЈП, се залага за зголемена даночна свест и даночен морал во општеството

Петрова ја презема директорската позиција во УЈП, се залага за зголемена даночна свест и даночен морал во општеството

Елена Петрова денеска ја презема функцијата директор на Управата за јавни приходи од замeникот директор, Мевљудин Синани.

Таа истакнува дека нејзина долгорочна и стратешка агенда и посветеност е трансформацијата на УЈП, создавање „нов лик” на УЈП, „нов амбиент” и за даночните обврзници, за даночните службеници и за соработниците на даночната администрација.

-Во УЈП ќе поттикнам динамичен курс на работа со цел за дигитализација и трансформација, за да обезбедиме плаќањето данок и услугите од УЈП да бидат најмало можно административно оптоварување, а што повеќе да бидат „природно” вградени во деловните системи на компаниите и на „близок дофат” на граѓаните. Оданочувањето е како едно тркало кое постојано се врти, а лостот на кој се потпира има две страни – УЈП и даночните обврзници. Ќе негуваме кооперативност со даночните обврзници преку мрежи за директна соработка и отворена дебата за сите заеднички предизвици во плаќањето даноци и остварување на даночните права. Даночните обврзници спроти себе не треба да имаат бирократи кои настапуваат од позиција на моќ, туку администрација која обезбедува лесно достапни информации, едноставни алатки и директна помош кои ќе водат кон точно и навремено плаќање на даночните обврски и лесно и брзо оставрување на своите права, посочи Петрова.

Новата директорка најави интензивирање на соработката со меѓународните организации, експертската јавност, медиумите и други засегнати страни.

-Со заеднички напори треба да оствариме позитивно влијание, зголемена даночна свест и даночен морал во општеството. Најавувам бескомпромисна борба со неплаќачите и затајувачите на данок и криминалните даночни измами. Следува одговорност и казни за секој што ги оштетува народните пари заради противправно стекнување лична имотна корист. Време е за напорна работа и резултати, затоа што светот нема да ја чека УЈП, ниту даночните обврзници, ниту новата технологија, ниту даночните измамници, нагласува Петрова.

Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ