По шокантниот документарец, Жерар Депардје останува без признанијата



Некогаш славниот француски актер Жерар Депардје, кој беше обвинет за силување пред три години, остана без признание од Белгија и канадската држава Квебек поради шокантен документарец кој изобилува со неговите мизогински коментари, поради кои може да остане и без орденот на Легијата на честа.

Депардје во саботата потврди, преку неговите адвокати, дека ја ставил на располагање високата француска награда на министерката за култура Рима Абдул Малек, која најави дисциплинска постапка против поранешната филмска ѕвезда поради навредливи коментари за жените.

Во петокот, францускиата министерка ги нарече „одвратни“ коментарите на актерот во телевизиски прилог за неговото патување во Северна Кореја во 2018 година. Во филмот прикажан на почетокот на декември, Депардје ги навредува жените нарекувајќи ги со погрдни имиња и не штеди ни мало девојче со своите непристојни коментари.

Жерар Депардје, кој во 1996 година беше одликуван со Легијата на честа од тогашниот француски претседател Жак Ширак, веќе ја загуби титулата почесен граѓанин на белгиската општина Естаимпуи, која беше негова привремена резиденција. Во средата го загуби и признавањето на Националниот ред на Квебек.

Депардје веќе е под истрага поради обвинение за силување поднесено во 2020 година, а во септември беше поднесено ново обвинение за сексуален напад против поранешниот водечки француски филмски актер, поврзано со настани во 2007 година. Неколку жени го обвинија наградуваниот актер, кој се појави во повеќе од 200 филмови, за сексуално вознемирување. Депардје целосно ги отфрла сите обвинувања.

– Реклама –



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Нетфликс ќе снима филм за Јелена Карлеуша

Една од најголемите српски ѕвезди Јелена Карлеуша ќе зборува...

Пол Мaкартни стана првиот британски музичар милијардер

Пол Макартни стана првиот британски музичар милијардер, според листата...

Ден на сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј

Државно-црковната делегација предводена од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова престојува во...

Супер Глоуб станува „Светско клупско првенство“

Досегашниот формат на натпреварување познат како Супер Глоуб...