По улици трчаат болдирани наслови накострешени од хистерија

Ми се спие. Дождот не запира, внесува есенска свежина среде мај во моите мисли. Цел ден пишував, а и доцна е, само што помина полноќ. Изгледав прекрасен филм, „Јас, капетан“, од Матео Гароне, утре треба да станам рано, ме чека колумна за пишување. Палам цигара пред спиење. Вртам ТВ-канали. Не следам што ми се менува пред очи. Кога одеднаш, нешто чудно на екранот ми фокусира внимание. Нешто не штима во кадарот. Мислам, гитарата е наштимана, ама човекот што ја свири како да ми е познат… ова Блинкен е? Да бе, тој е, свири гитара, пее и воопшто не го прави лошо тоа. Му стојат и гитара и сцена и… точно можам да го замислам како лидер на рок-бенд што имал сериозни успеси во осумдесеттите години на минатиот век и…
Е па, зошто бе, Блинкен? Зошто политика, а не рокенрол? Да, знам, секако било тешко да се стане рокстар покрај Роџер Вотерс, Лу Рид, Иги Поп, ама зошто факинг политика? Што е подобро, да држиш гитара или да држиш сопствен народ во состојба на постојана манипулација? Што е покорисно, да пееш рефрен од рок-балада или да свириш по ноти на моќни воени лобисти и корпорации? Не знам, еве ти кажи! Подобро е да делиш автограми или оружје со кое ќе изгине цел еден народ во безумна војна? А поголем предизвик што е, да извадиш нов албум или да вадиш монструозни теории што велат дека е океј да спроведеш геноцид врз цивили тврдејќи дека така се бориш против тероризам? А бе, Блинкен, да имаше бенд, сега ќе можеше да настапиш во Киев, среде мир… О, Боже, па тој стварно е во Киев, свири среде Украина додека околу него стотици илјади војници изгинаа во војна, која можеше и да не се случи, ако Западот со истопорен Борис Џонсон на чело (читај САД) не му забранеше на оној Зеленски да потпише веќе договорен мир со Русија по кој Украина ќе останеше неутрална и цела (без Крим). Ама не, вековниот сон украден од кошмарите на Наполеон и Хитлер, да се фрли на колена и да се растури Русија, мораше да се обидете да го спроведете и на јаве, до последен Украинец, така ли е?
Разговарајќи во мислите со Блинкен, изгледа сум заспал. Како инаку да го објаснам фактот дека се наоѓам во позната просторија, опкружен со сериозни лица, а во рацете држам папка со текст во неа. Фак, во Собрание сум! Ликот спроти мене држи иста папка како мојата и чита нешто од неа. Начулив уши за сонот, освен слика, да добие и тон. Се колнам, чита ликот, дека ќе ги штитам Уставот и законите на Нордистан… Се колнам, повторувам, дека ќе ги штитам Уставот и законите на Македонија… Нордистан, инсистира ликот.
Фак, Нордистан!

Мојот извик внесе вознемиреност и хистерија на четири страни на светот, кај Петтата управа, низ шестата димензија, меѓу седмата сила што кон мене фрла осум прашалници, среде нотите на деветтата Бетовенова, спремна да се свири во чест на Денот на Европа. Јас протестирам, крикна грчката амбасадорка, сега и во овој момент, од оваа реченица, па натаму, ја напуштам колумнава! Рече и замина.
Русјаков!!! Низ телото ми минаа морници. Тој женски крик, со нежна строгост во него, а моето презиме изговорено со симпатичен германски призвук, ме натера да се завртам. Во мене гледа убавото, ама строго лице на мадам Урсула фон дер Лајен. Тргај пред мене, процеди низ заби. Како од Собрание се најдов во домот на Урси, можат да објаснат само најсериозни аналитичари на соништа, ама тука сум, во нејзиниот дом. Да не си мрднал, ми вели, сега ќе го викнам Шарл Мишел, па ќе видиш ти убаво. Фак! Шарл Мишел не го поднесувам ни на јаве, којзнае како ќе изгледа страшно во сон. Да беше Шарл Бодлер, може и ќе сакав да останам, цвеќето на злото сигурно мириса поубаво од лицемерствата на Европската Унија. А во соништа, човек прави чудни работи што никогаш не би ги направил на јаве. Зошто, по ѓаволите, роварам низ кујната на Урсула? Зошто ги крадам чиповите од нејзиниот миксер, микробранова, шпорет… каде ли ја ставила пеглата? За да им ги продадам на Русите, со години не сум бил на одмор, ете на што ќе ги трошам парите.
Така, се разбудив со желба за одмор, ама и со непријатно чувство дека нешто сум украл во сонот. Којзнае како им е на оние што на јаве, на болни од рак им крадат терапија. Сум заспал пред вклучен телевизор. На него, Гордана Силјановска-Давкова дава заклетва. Пет минути подоцна се вклучуваат сирени за тревога. Земјата се тресе, земјотресот е многу силен, со епицентар од Брисел до Бихаќска. Уште нерасонет, со една нога во езеро, а со другата во политичко лудило, ѕиркам низ прозорец. По улици трчаат болдирани наслови накострешени од хистерија. Небањатите ни ја крадат иднината! ВМРО-ДПМНE ќе го укине идното време во граматиката! Силјановска-Давкова ѝ објави војна на Грција! Во знак на протест се отцепи еден крак од Халкидики, натоварен исклучиво со нордистански возила! Меѓу две запирки, детектирано руско влијание во победничкиот говор на Мицковски! Бродот Нордистан го крена сидрото што го влечеше кон ЕУ, дали кормилото е во рацете на Путин? Борел, Мишел и Стано се заканија, ако не се почитува Преспанскиот договор, ќе основаат бојбенд и наместо со политика, ќе се занимаваат со Евровизија! Нордистанската религија нападната од страшна македонска ерес, Синодот на ЕУ и правоверните фундаменталисти од Нордистан бараат да се запали на клада Македонија! Ако не се почитува Преспанскиот договор, тогаш ЕУ ќе мора да…

Што ЕУ, бе, што… ЕУ? Почитување? Договор? ЕУ се јави да мрчи дека некој нешто не почитува? Јас сум рекол, ама еве и да повторам, па нека леат крокодилски солзи прогресивните дека сум ѝ објавил војна на ЕУ, а вмровци нека молчат, секако немаат храброст да признаат, оти и они, нели, ќе нè носат натаму, ама секој бордел на планетава има повеќе морални вредности од Европската Унија. Еј, ЕУ ќе зборува за непочитување меѓународен договор, и тоа донесен како злосторничко здружување за ништење на цел еден народ и неговиот идентитет. ЕУ ни продава морал и принципи. ЕУ која со две раце го срка грчкиот нацизам кон Македонија, а бугарскиот фашизам ни го напика во рамка, ЕУ која се помоча на сите пресуди на Стразбур против Бугарија и како тоалетна хартија ја истретира пресудата, во наша корист, на Меѓународниот суд во Хаг… ЕУ ли ќе зборувате за чест и почит? Па, жими копнехашките критериуми, нема критериум што може да ви ги измери лицемерствата.

Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

🎥 Ѕирнете одблизу: Како Николов и Начевски го судеа финалето на ЛШ

Европската ракометна федерација (ЕХФ) во штотуку изминатата сезона одлучи...

🎥 Ѕирнете одблизу: Како Николив и Начевски го судеа финалето на ЛШ

Европската ракометна федерација (ЕХФ) во штотуку сезона одлучи правдата...

Колку заработија екипите што играа во ЛШ?

Европската ракометна федерација (ЕХФ) во изминатата сезона подели...

United in Isolation, Putin and Kim Keep the World Guessing About Their Sanction-Busting Plans

Nearly a quarter-century after his last visit to Pyongyang,...