Победнички крај на битолчанки во Женската лига

Победнички крај на битолчанки во Женската лига

Ракометарките на Пелистер победнички ја завршија натпреварувачката сезона 2023/24 во Женската лига, откако на гостувањето во Скопје кај Шампион во заостанатиот натпревар од 25. коло обезбедија лесен триумф.

Избраничките на Адријано Котевски немаа поголеми проблеми да дојдат до победа, која што беше изразена со 8 гола разлика, 40:32.

Победникот беше познат уште по првото полувреме, кое го добија битолчанки со 22:15 и според планираното ги одиграа вторите 30 минути.

Во битолскиот тим повторно шутерски расположена беше Моника Босилковска, левото крило постигна 11 погодоци.

Босилковска своја поддршка имаше од Анастасија Дамјановска, Ана Марија Талева и Анастасија Тодоровска, кои запишаа по пет реализации.

Во поразениот табор убедливо најдобра беше Мила Мемов, која зад своето име запиша девет погодоци и подели неколку асистенции кон своите колешки.

Пелистер сезоната ја заврши на 7. позиција, додека Шампион на претпоследното, 13-то место.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Магдебург најде дефанзивец – доаѓа Шпанецот Серадиља

Поранешниот европски првак Магдебург го промовираше второто засилување...

Една од најдобрите руски ракометарки става крај на кариерата!

Една од најдобрите руски ракометарки, Екатерина Илина, ја...

Познати 20 учесници на Мундијалот во 2025 – еве ги можните ривали на Македонија

Откако беше комплетирана листата на учесници од Европа...

🎥 Тимур Дибиров тренираше под палката на неговата сопруга Ирина

Хрватскиот првак Загреб се уште не ги започнал...