Почина американскиот актер Рајан О’Нил



Американскиот актер Рајан О’Нил, најпознат по улогата во филмот „Љубовна приказна“, почина во петокот на 83-годишна возраст, соопшти неговиот син.

„Тато почина денеска, мирно, опкружен со сите коишто го сакавме и му пружавме поддршка, како што би и тој нам“, напиша Патрик О’Нил на Instagram без да ја прецизира причината за смртта.

Рајан О’Нил е роден во 1941 година во Лос Анџелес. Пред да започне да глуми се занимавал со бокс, а актерската кариера ја започнал во 1964 година со улога во серијата „Гратчето Пејтон“, еден од првите ткн телевизиски серијали со рекордна гледаност и популарност.

Стана познат во 1970 година благодарение на улогата во филмот „Љубовна приказна“ (Love Story), адаптација на истоимениот роман на Ерих Сегал, во кој глумеше со Али МекГроу. О’Нил беше номиниран за Оскар и Златен глобус за улогата на Оливер, студент по право на Харвард од богато семејство, кој се вљубува во Џенифер, студентка од сиромашно семејство.

Подоцна глумеше во филмовите на Питер Богданович, комедијата „Зошто таткоти те пушта сама“ што ја сними во 1972 година со Барбра Стрејсенд и „Хартиена месечина“ од 1973 година, во која глумеше со својата ќерка Тејтум.

Потоа следеа улогите во историската драма на Стенли Кјубрик „Бери Линдон“ (1975), воениот филм на Ричард Атенборо „Недостижниот мост“ (1977) и „Возач“ на Волтер Хил (1978).

Во 1978 година го снима и продолжението на „Љубовна приказна“ и „Приказната на Оливер“.

– Реклама –



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Песот на Бајден ги каснал тајните агенти најмалку 24 пати

Кучето Командер на американскиот претседател Џо Бајден каснало агенти...

„Кога на вашите им викате „јас и Оливер се обезбедивме“ ЈАСНО ИМ Е ДЕКА ГИ ГУБИТЕ ИЗБОРИТЕ“

Во однос на апанажата, кога вашите членови, симпатизери, луѓето...

За оваа изненадувачка придобивка од водата за пиење ретко се зборува

131 Знаеме дека не можете да живеете без вода. Тоа...