Почнува битката за трофеј во Лигата на шампионите – може ли Ѓер да се врати на тронот?

Почнува битката за трофеј во Лигата на шампионите – може ли Ѓер да се врати на тронот?

Екипите на Есбјерг и Ѓер ќе го отворат годинешното издание на Ф4 турнирот од ЛШ во Будимпешта, на кој освен двете споменати екипи ќе учествуваат уште францускиот Мец и Битигхјам од Германија.

Европа оваа сезона ќе добие нов шампион, бидејќи трикратниот освојувач Вајперс Кристијансад не успеа да обезбеди пласман меѓу најдобрите четири екипи во елитата. За првпат на Ф4 турнирот ќе учествува една германска екипа, унгарскиот вицепрвак Ѓер ќе се бори за седмо финале на завршницата, a тимот на Мец ќе посакува да направи историја и за првпат да се најде во финалето.

Есбјерг, кој дебитанскиот настап на Ф4 турнирот во Будимпешта го имаше во сезона 2021/22, на двапати не успеваше да си замине со медал од унгарската престолнина, двапати завршуваше на 4. позиција.

Тимот на Ѓер е најуспешен клуб меѓу годинешните кандидати на Ф4 турнирот, има освоено пет титули во елитата. Рекордер по бројот на освоени титули е Спартак Киев со 13, некогашниот европски гигант Хипо има осум, а трофејот во Лигата на шампионите го има освоено и Кометал ЃП во сезона 2001/02.

Вардар во периодот кога беше меѓу најдобрите клубови во Европа секогаш обезбедуваше пласман на Ф4 турнирот и во своите пет учества одигра две финалина, на кои беше поразен од Ѓер.

Првите два полуфинални натпревари ќе се одиграат денес, а натпреварот за трето место, како и финалето, се закажани за в недела.

Натпреварот меѓу Есбјерг и Ѓер е во терминот од 15:00 часот. Второто полуфинале, во кое се среќаваат Мец и Битигхјам, е закажано за 18:00 часот. Третпат домаќин на Ф4 турнирот во Будимпешта ќе биде „МВМ Доме Арена“, откако претходно натпреварите се играа во „Ласло Пап Арена“.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ