Полицијата во Риека на нозе – исчезнаа десет играчи на Бурунди!

Полициската управа на Приморско-горската жупанија излезе со информација дека десет странци, сите членови на кадетската репрезентација на Бурунди, која е учесник на Светското првенство во Хрватска, исчезнале во текот на вчерашниот ден.

Африканската репрезентација денес со почеток од 15:00 часот во Риека требаше да игра против Бахреин во Президент Купот, но дуелот поради настанатата ситуација беше откажан и регистриран со службена победа (10:0) за репрезентацијата на Бахреин.

„Се преземаат мерки и дејствија за пронаоѓање на исчезнатите лица, како и утврдување на сите релевантни факти и околности за нивното исчезнување“, информираат од ПУ на Приморско-горската жупанија.

Хрватскиот ракометен сојуз, кој е организатор на кадетскиот Мундијал, исто така го објави исчезнувањето на репрезентативците на Бурунди, а за немилиот настан информирана е и Светската ракометна федерација (ИХФ).

„Како организатор на Светското првенство во ракомет за кадети можеме да потврдиме дека десетмина репрезентативци на Бурунди пред натпреварот против Бахреин го напуштија кампусот каде што се наоѓаа, а без знаење на стручниот штаб на својата репрезентација, во непознат правец”, информираа од хрватската ракометна куќа.

Ваквите настани станаа пракса за африканските играчи, кои шампионатите на европско и светско ниво ги користат како ,,спас” за својата иднина.

Федерацијата на Бурунди се уште се нема огласено за овој случај.  Едно од можните сценарија е тие да избегале во потрага по подобар живот во Европа.

На светското првенство во Шпанија (2021) беа исчезнати четири ракометарки од Камерун, додека во месец март на ИХФ трофејот за мажи во Костарика, осум репрезентативци на Гвинеја избегаа од хотелот во кој беа сместени.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Ѓорѓески: Со максимален ангажман од сите играчи можеме до победа против Вардар

После тринеделната пауза поради репрезентативните обврски и завршницата...

Николов и Начевски со голем предизвик – ќе судат дуели за титула во Саудиска Арабија!

Македонските арбитри Славе Николов и Ѓорѓи Начевски пред...

Колумна: Мицкоски Versus Мицотакис – OhridNews

Абре таман сиромајот се фати на орото одма се...

Металург Автокоманда ја задржа перспективната Беровиќ

Share Левиот бек Таида Беровиќ и во следната сезона...