Поповски и Цирих му откинаа бод на шампионот Кадетен!

Тимот на Амичитија Цирих, каде што игра македонскиот интернационалец Мартин Поповски, имаше одличен старт на новата сезона.

Во швајцарскиот шампионат, Цирих и Поповски одиграа нерешено кај актуелниот шампион Кадетен Шафхаузен, 26-26.

Македонецот беше меѓу најдобрите стрелци кај гостите и успеа да постигне четири гола од седум обиди.

Иако избраниците на Хрвоје Хорват водеа и во првиот и во вториот дел со по пет гола разлика, на крајот сепак мораа да се задоволат само со бод.

Цирих и Поповски следниот натпревар од швајцарското првенство го играат на домашен терен против Фади Винтертур.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Трикратниот освојувач на ЛШ ќе игра и на 37 години

Поранешниот репрезентативец на Германија, Тобијас Рајхман, ова лето...

🎥 Ѕирнете одблизу: Како Николов и Начевски го судеа финалето на ЛШ

Европската ракометна федерација (ЕХФ) во штотуку изминатата сезона одлучи...

🎥 Ѕирнете одблизу: Како Николив и Начевски го судеа финалето на ЛШ

Европската ракометна федерација (ЕХФ) во штотуку сезона одлучи правдата...

Колку заработија екипите што играа во ЛШ?

Европската ракометна федерација (ЕХФ) во изминатата сезона подели...