Поради аерозагадувањето, околу 40% од Индијците живеат 9 години пократко


Њу Делхи, 1 септември 2021 (МИА) – Животниот век на околу 40 проценти од Индијците најверојатно ќе биде пократок за повеќе од девет години поради загадување на воздухот, се наведува во денеска објавената студија на Институтот за енергетска политика на Универзитетот во Чикаго (ЕПИЦ).

„Повеќе од 480 милиони луѓе кои живеат во огромни делови на централна, источна и северна Индија, вклучително и главниот град Њу Делхи, страдаат од значително високо ниво на загаденост“, наведува ЕПИЦ.

Според истражувачите, посебно загрижува што високото ниво на загаденост на воздухот во Индија географски се прошири со текот на времето, а како пример се наведува влошената состојба во западната држава Махараштри и во централната држава Маџа Прадеш.

Во 2020 година, Њу Делхи третпат по ред беше најзагадениот главен град во светот според швајцарска организација IQAir, која го мери нивото на квалитетот на воздухот врз основа на концентрацијата на честички во воздухот што ги оштетуваат белите дробови, познато како ПМ 2.5.

Индија во 2019 година почна Национална програма за чист воздух на Индија (НЦАП) со цел да го запре опасното загадување. Во извештајот на ЕПИЦ се наведува дека „постигнувањето и одржувањето“ на целите на НЦАП ќе го зголеми вкупниот животен век на земјата за 1.7 години, а во Њу Делхи до 3.1 години.

Целта на НЦАП е да го намали загадувањето во 102 од најтешко погодените градови за 20-30 проценти до 2024 година, преку намалување на индустриските емисии и емисии на возила, како и воведување строги правила за транспорт на гориво и согорување на биомаса и намалување на загадувањето од прашина.

Според наодите на ЕПИЦ, соседен Бангладеш исто така може да го зголеми животниот век за 5.4 години доколку земјата го подобри квалитетот на воздухот до нивото препорачано од Светската здравствена организација.

– Реклама –



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Во Струмица се играше без одбрана – паднаа 80 погодоци!

На натпревар со вкупно 80 постигнати погодоци, тимот...

Поповски перфектен, Цирих израмни против Луцерн во полуфиналната серија

Тимот на Цирих, каде игра македонскиот интернационалец Мартин...

Ристовска: Веќе знаеме со кого играме и каков предизвик имаме пред себе

Женската репрезентација на Македонија денеска ги дозна ривалите...