Поради руско влијание ли Македонците се разочаруваат од ЕУ или…?

 

ЕУ е рајот на земјата; ЕУ е единствената опција за Македонија; ЕУ е лулката на демократија кон која треба да се стремите… ова се познатите рефрени кои две децении се повторуваат на македонските граѓани, те од тукашните функционери, те од бриселските дипломати. И населението во Македонија го избра тој пат, посака да е дел од Унијата. Ама…, еве по толку години народот почна се почесто со други очи да гледа на ЕУ. Разочараноста од Брисел е се поголема и се почесто се манифестира.

Последното истражување на „Евробарометар“ спроведено меѓу нашите граѓани покажа дека имаме рекордно ниски бројки во однос на довербата и ставовите на македонските граѓани кон Европската Унија. Односно, рекордно ниска доверба кон самиот процес на интеграции во ЕУ каде има падови или осцилации од околу 20 проценти во однос на претходните години.

-Однесувањето на ЕУ како фер, пријателско и коректно кон нас го сметаат 17 отсто од испитаниците, а 65 отсто го оценуваат за нефер, надмено и уценувачки, беше само еден од показателите во истражувањето кои вчера ги соопштија од невладината организација „Евротинк“.

Па како е можно речиси две третини од македонските граѓани воопшто да немаат доверба во ЕУ и да сметат дека таа се однесува нефер, надмено и уценувачки кон Македонија? Па евробирократите упорно ни повторуваат дека не посакуваат во нивното друштво и дека многу ни помагаат и не поддржуваат?

-Ве сакаме кај нас, ЕК и самата јас стоиме на тоа. Вие постигнавме извонреден напредок и донесовте храбра одлука, и сега ЕУ треба да испорача, ни кажуваже многупати шефицата на Европската Комисија -Урсула фон дер Лајен.

Дали на македонските граѓани им пречи што по ваквите изјави скоро секогаш следуваа нови барања и ултиматуми кои треба да ги прифати Македонија на сопствена штета? Дали можеби се насобраа многуте претходни отстапки кои не вродија со плод, односно ЕУ не си го одржа зборот? Или можеби сето ова незадоволство на граѓаните во Македонија е само резултат на многу често споменуваното во секави прилики – руско влијание?

Одговорот треба да го бараат и во македонската влада и во седиштето на ЕУ, секако ако воопшто им е важно што мислат граѓаните.

–  Нема зошто да коленичиме пред портите на ЕУ. Тоа е класичен булинг, силеџиско малтретирање на посилниот врз немоќниот да возврати, беше само еден од бројните коментари на граѓаните кога власта во Македонија го прифати наметнатиот француски предлог.

И други граѓани реагираа дека ЕУ се однесува лицемерно.

-Безмерно понижувачко, со безброј нереални изговори зашто не не прифаќаат, мислат ние сме прости и не знаеме зашто, па им веруваме на нереалните изговори, коментираше една граѓанка на ФБ – страницата на „Скопско ехо“.

Впрочем има многу вакви реакции. Чуден народ живее во Македонија оти не препознава дека ЕУ го сака, или џабе се чудат во Брисел зошто се почесто не се сакани?

 

Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Драчево со гол од пенал ги освои бодовите против Младост Богданци

Ракометарите на Драчево на свој терен успеаја да...

Веспрем повторно му одржа лекција на ПИК Сегед

Екипата на Веспрем денеска уште еднаш му покажа...

Магдебург гази се пред себе – на чекор до титула во Германија

Во дерби дуелот од 29. коло во Бундес...

Ustavni sud se ponio kukavički

POSTIZBORNI cirkus ulazi u svoj...