Украинскиот репрезентативец Владислав Остроушко во новата натпреварувачка сезона ќе настапува во шампионатот на Полска.
Искусниот ракометар ќе го носи дресот на Азоти Пулави, клуб кој во минатата сезона заврши на 6. позиција во полскиот шампионат.
Двете страни се договорија на едногодишен договор, со можност за продолжување на истиот доколку бидат задоволни од соработката.
Остроушко во својата клупска кариера настапуваше за 14 клубови, своевремено беше дел и од Еурофарм Пелистер.
Во битолскиот тим во сезона 2019/20 беше најдобар стрелец во Лигата на шампионите, на 10 натпревари во елитата постигна 65 погодоци.
Ракометарот од Украина последниот клупски ангажман го имаше во екипата на Олимпијакос.