Порано играше за Вардар, сега формира свој клуб

Порано играше за Вардар, сега формира свој клуб

Некогашниот член на Вардар и многу други клубови, како и екс репрезентативец на Црна Гора, Васко Шеваљевиќ, формираше свој клуб.

Тој заедно со претседателот на Општина Котор, Владимир Јокиќ, го договорија основањето на клубот што ќе се вика Котор.

Клубот ќе биде во сопственост на Општината, а Шеваљевиќ ќе биде претседател на истиот, а ќе раководи и со стручниот сектор.

Левиот бек освен во Вардар и матичниот Ловќен, играше и за француските Трембле, Тулуз, Истр и Саран, израелскиот Хапоел Ришон, шпанскиот Портланд Сан Антонио, германскиот Хановер, белорускиот Динамо Минск, шведските Редбергслидс и АМО, а последните натпревари во кариерата ги одига за Ал Духаил од Катар.

Покрај богатата клупска кариера, Шеваљевиќ има пет учества на ЕП и две на СП и се смета за еден од најдобрите ракометари во историјата на Црна Гора.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ