Португалскиот првак се раздели со четворица ракометари

Португалскиот првак се раздели со четворица ракометари

Новиот шампион на Португалија, Спортинг, полека го склопува тимот за новата натпреварувачка сезона, во која ќе учествува и во Лигата на шампионите.

Засега е познато заминувањето на четворица играчи од  клубот. Станува збор за Едмилсон Араухо, Леонел Масиел, Еспен Ваг и Етиен Моке.

Левиот бек Араухо ќе се пресели во Франција и ќе го носи дресот на Истр, додека Масиел направи камбек во Шпанија и ќе биде дел од Бидасоа Ирун.

На последните двајца, пак, им завршува договорот и сѐ уште не е познат нивниот нов ангажман. Клубот од Лисабон последен пат во Лигата на шампионите играше во сезона 2019/10.

Со камбекот во европската елита, раководството на клубот ќе мора да ангажира и поквалитетни засилувања.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ