Постескобарска – Нова Македонија

Постескобарска – Нова Македонија

Како што знаеш, драг читателу, јас не сум од оние колумнисти што трчаат веднаш по настанот утредента да се јават пред јавноста и да го соопштат своето мислење. Кај нас времето е покриено со пајажина. Сè е метафизика. Нема дијалектика. Реката на Хераклит не тече. Тоа се застоени како мочуришта води што ги среќаваме во литературата на Е.А. По и во прозата на Гогољ, па затоа и нашата денешна колумна мотивирана од неодамнешната посета на жална Македонија на Ескобар не е застарена.
Ескобар со ангелски име Габриел (Гаврил), ангелот што слета кај Марија во Назарет со веста за Спасителот. Белиот ангел. А дали американскиот ангел што нè посети е бел или црн навистина не знам, драг читателу. Иако знам. Ангелот задолжен за Балканот, е американскиот архетип каубој-шериф што управува со Западен Балкан. Чудно совпаѓање со Дивиот Запад, со кој започна формирањето на американската алхемиска нација. Ескобар, импресивна цврста фигура, речиси митска, налик на необработена карпа како огромните блокови на Стоунхенџ, или како една од неолитските експресионистички камени фигури на Велигденските Острови на азискиот пацифик. Вистински импресивен архетип на новата Римска Империја, западна, што гази и крши сè пред себе. Чиста спротивност на неговиот импресарио Бајден што е лирски проѕирен како листопаден лист пред крај на есента.
Значи (еј Ковачевски неискован, еј Пендаровски на пендек, еј Мицко војвода) имавме гостин од ранг. Тој најтешкаш меѓу политичките тешкаши дојде да види дали сме спремни да ги ставиме нивните миленици Бугарите во Уставот. Боже, каков американски срам и бласфемија. Дојде да го озакони со империјален печат идиотизмот на Империјата, да ги внесеме во Уставот оние што не нè признаваат дека сме живи и дека постоиме со Име, јазик, историја, меморија. И тоа е идиотизам не само за нас и идиотизираната влада туку и за Бугарите, плус и за таканаречената западна меѓународна заедница. Зошто идиотизам? Затоа што да ставиме некого во устав што не признава дека постоиш и дека си жив нема никаква логика. Туку што е фасцинантно сега во посетата на Ескобар кај нас, драг читателу? Тоа што и покрај многуте други западни тешкаши што нè притискаат, ги охрабруваат нашите лакоми соседи хиени да го крадат нашиот идентитет. Како да се во кусок со својот, та го зголемуваат со нашиот, така, на пример, Грците тоа го прават со кражбата на македонскиот антички идентитет, потпирајќи се на мегафалсификатот на Дројзен, озаконет со царски печат на патолошката западна цивилизација, не знаејќи кај да го бара коренот на својата идентитетска генеза. Мегафалсификат озаконет на „Сорбона“, „Кембриџ“ и „Оксфорд“. Но и тоа не беше доволно, бидејќи беше проѕирен тој, па за да се доосигури истиот тој со насилничко признание на денешните Македонци беше стокмен на силеџиски геноциден начин од Брисел, Вашингтон, Грција и македонските велепредавнички квислинзи Преспанскиот договор на македонската смрт. Така беше докрај зајакнат грчкиот супсахарски идентитет за кој зборува и Херодот.

Кое е, пак, зајакнувањето на бугарскиот идентитет со татаротуркменска генеза тука? Тоа е нивното без пардон варварско посегање по културно-цивилизациското благо на Македонците, почнувајќи од Кирил и Методиј и Климент и Наум наваму, минувајќи го средниот век и преродбата од 19 век, сè до 1945 кога мислат дека нè создал Тито. И тоа, драг читателу, е минимум на колективната интелигенција и ум колективна патологија. И на крајот доаѓаат Албанците. Тие на македонска сметка се офајдија со Скендербег, нивниот најголем национален јунак, Мијакот-Македонец Ѓорѓија Кастриот, кого Турците го викаа Искандер, што значи Алекандар, во слава на македонскиот антички владетел на светот. А како тој од Кастриот како симбол на Александар, турски Искандер, потоа стана Скендербег е навистина алхемиска загатка.
Тоа се фактите, драг читателу, но не знам дали ги знае нив Ескобар. А не знам дали знае и дали воопшто постојат Македонци во светот и во Македонија, оти тој во една пригода неодамна изјави дека во Македонија живеат Албанци и православно население. Шокантно! Македонците ги нема. Се загубиле на неговиот пат од Вашингтон до Балканот. Ги нема, или се премолчуваат? Или, пак, се планирани да ги снема? Изјавата на Ескобар, која сигурно не е лапсус, или е можеби намерно тоа, што е поверојатно, отвора за нас, драг читателу, безброј прашања за јанѕа и несоница. Сеедно. Но не е првпат тоа со ариевските господа од Запад. А во таа јанѕа и несоница е и прашањето за Америка како наш стратегиски партнер. Но тука има една сериозна пукнатина и од фројдовски аспект, едно примордијално човекојадство на таткото од страна на синовите. За волја на вистината Америка е стратегиски партнер не на Македонија, туку во Македонија. Битен факт. Тоа е вистината на таа цивилизациска шизофренија. На кого е таа стратегиски партнер во Македонија? Се разбира на Албанците, како и во Србија. Како некогаш Турците што ги доведоа од Кавказ и таа ги избра на Балканот нив за свои потреби и цели.

Примерот од терористичката 2001 тоа јасно го покажа, НАТО и Западот застанаа на страната на албанскиот тероризам против Македонците. Законот на Исус и Хермес Трисмегист дека слично со слично се привлекува. А сè тоа беше смислено испланирано да се обесхрабри и потисне до апатија и уништување македонското генеричко битие. Сè беше за тоа прецизно испланирано. Првиот знак беше нацифашистичката лисабонска декларација на ЕУ 1992, на чија перфектност би ѝ завидел и Адолф Хитлер. Значи нема влез во ариевската западна цивилизација, освен со идентитетска смрт доколку не ви се допаѓа клиентот за влез. Во случајот Македонците.
И така се нижеше текот на настаните на ликвидацијата на македонскиот идентитет и Македонците за кои некој смета дека не треба да постојат на овој свет. По терористичката 2001 поддржана од НАТО, ЦИА и Западот дојде „мирот“ за понижение на Македонците со капитулантскиот Охридски договор, а потоа и со внесување, со амероевропски амин, на терористите во Владата и парламентот на македонската држава. Но тоа не беше доволно, па потоа дојде и тиранската платформа за двојазичност изготвена од стручњак на американската ЦИА и тоа веќе, по агресијата, е деструкција, ништење на суверенитетот на македонската држава, планиран цивилизациски садизам од Западот. И така се редеа работите и понатаму, драг читателу. Во 2004 година дојде до територијалната поделба како платформа за креација на голема Албанија. И пак со план и амин од Запад. Па другар Ескобар со ангелско име, зарем сме ние глупави да не го гледаме и да не го знаеме тоа? Така, стапка по стапка, бавно и со спринт се пристигна до Преспа 2018 и до идентитетскиот геноцид над Македонците со нивното насилничко преименување во корист на Грција, господине со ангелско име Ескобар. Сигурно го знаете тоа. И тоа се вика варварство. Тоа се вика цивилизација!

Ескобар дојде во Македонија, а не тркна и до Софија за да види како се однесуваат по американски „демократски“ терк Бугарите, кои нас нè третираат како Црнци и Индијанци. Оти во Софија тој на самото место требаше да се запознае со бугарскиот фашизам на Радев и на целата бугарска влада и парламент, без исклучок. И тоа е, господине Ескобар, европската обнова на Третиот во сега Четврт Рајх на кого сега благонаклоно реагира магнетот на бугарското манипулаторно колективно битие. Тоа не го знае челниот галски петел Макрон што ја скрои нацифашистичката за Македонците преговарачка рамка со што ја дефинира всушност, како што би рекол Јунг и темната сенка на мефистофелската душа на Европа. За жал. Оти и големиот германски писател и хуманист Томас Ман имаше право кога рече веднаш по завршувањето на Втората светска војна дека „Хитлер е победен, но не и фашизмот“. Сегашниот македонски пример со Европа го покажува тоа. Тоа е тоа. Уште тука, покрај тоа што е страшно е и фасцинантно како малечката Македонија, „столченото племе“ (Конески) држи на своите плеќи еден таков неверојатен притисок од мегасили како што се Америка, бриселски ЕУ и нивните агресивни балкански предатори што ги поддржуваат тие: „Грција, Бугарија и Албанија, вклучувајќи ги и Албанците внатре во Македонија како помошна алатка за нивната темна намера“.
Така. А сепак Македонците и покрај цивилизацискиот идентитетски колеж во Преспа 2018 и понатаму пружаат отпор. Обновената западна Римска империја со нејзините балкански предатори му ја отсекоа, како Ирод на Јован Крстител, главата на македонскиот Сончев шеснаесеткрил ангел. Плус, незадоволни со тоа, му отсекоа уште и осум од неговите шеснаесет крилја. Но нивниот садистички ефект изостана, оти и таков, полн со рани, тој се вее, како ништо да не било, на мартирското македонско знаме.
Тука веќе е ред, иако не е завршена, драг читателу, да ставиме точка на нашата колумна заради ограничениот простор, а и да не нè случајно Ангела Агелер осуди за говор на омраза кон Империјата што ја застапува тука и кон американскиот претставник задолжен за сиромашниот Балкан. Балкан што треба Америка да го подигне економски на ента степен само заради она Балканче од запустеното истарско село Смилјан, Никола Тесла. Без него Америка ќе тапкаше зад сега нејзината колонија Европа. Тоа е тоа, а ти ме прашуваш, драг читателу, каде конечно се наоѓаме ние во оваа евроамериканска цивилизација што не знае друго оро освен орото околу Златното теле на капиталот. Да, добро прашање. Па ние, тоа е очигледно, според сè што ни се случува, сме новите Евреи (од Третиот рајх) и Индијанците на оваа цивилизација. Одбрани за ништење под претекс дека таа ни гарантира убава иднина. Иднина на идентитетска, но и на секаков вид смрт. Ескобар го знае тоа и се прави наудрен.

Тоа, драг читателу. А куриозитет беше и тоа што посетата на американскиот шериф за Балканот на Македонија се совпадна со почетокот на Струшките вечери на Поезијата. Одлично. И одличен американски политпоет. А ти ме прашуваш дали јас бев во Струга на тој настан. Не, но го гледав на телевизија. Гледав и слушав и бев шокиран со каква леснотија, како да се будисти во нирвана, македонските поети ја голтаа пред кристалот божествен на Името Македонија валканата и мртовечка придавка Северна. Нека им е на здравје! А само да беа живи Рацин, Конески и Шопов да го видат ова чудо невидено на поетите на „смачканото племе“, доволно за најмалку трипати да се превртат во гробот.
Толку за денес. Те поздравувам до идната наша средба, драг читателу, заедно и со поздрав до новата сила на планетата БРИКС. Постои надеж. Ништо не е изгубено! Многу подобро БРИКС отколку ЕУ што нè убива идентитетски. Господине Ескобар и сите тешки Ескобари што доаѓате сега кај нас со бугарски сурат, ви се извинувам за мојата искрена рефлексија. Не можам поинаку.

Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ