Познати се шеширите пред ждрепката и во женската елита

Познати се шеширите пред ждрепката и во женската елита

Европската ракометна федерација (ЕХФ) денес ги објави  шеширите пред ждрепката за новата сезона во Лигата на шампионите кај дамите.

Македонија во европската елита ќе има два претставници во името на Сара Ристовска (Рапид Букурешт) и Ива Младеновска (Брест Бретањ).

Двата тимови пред ждрепката се најдоа во третиот шешир, во кој се уште бранителот на титулата Ѓер, Сторхамар од Шведска, како и двата повратници – Никобинг од Данска и хрватскиот шампион Подравка.

Првиот шешир го сочинуваат Ференцварош, Вајперс, Есбјерг и Мец, во вториот се сместени екипите на ЧСМ Букурешт, Крим, Будуќност и германскиот Лудвигсбург.

Во четвртиот шешир има две екипи, тоа се данскиот Оденсе и романската Глорија Бузау.

Ждрепката за групите во Лигата на шампионите ќе се одржи на 27 јуни со почеток во 17:30 часот во Виена.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ