„Правиме екипа што за две години ќе го ‘нападне’ Ф4 во Келн“

„Правиме екипа што за две години ќе го ‘нападне’ Ф4 во Келн“

Актуелниот првак на Хрватска, Загреб, кој во оваа сезона стигна до осминафинале во Лигата на шампионите, посакува за две сезони да игра на Ф4 турнирот во Келн.

За остварување на целта, раководството на хрватскиот тим го засили ростерот и ќе влезе со уште поголеми амбиции наредната сезона.

Иако Загреб нема директно место во елитната конкуренција, јасно е дека ќе добие една од седумте вајлд-карти.

Директорот на клубот, Ведран Шупуковиќ, вели дека клубот да има уште два милиони евра плус во актуелниот буџет сигурно ќе игра на Ф4.

„Работиме на тоа да составиме екипа што за две години ќе го ‘нападне’ Ф4. Поголем дел од играчите останаа и за наредната сезона. Ќе бидат уште повеќе воиграни и поискусни. Важно е дека со Кларица, Мандиќ и Фаљиќ потпишавме нови договори. Кос има уште две години, а исто и Срна. Кога би имале буџет за уште два милиони повисок од сегашниот, сигурен сум дека ќе игравме на Ф4. Но не е лесно денеска да се најдат уште толку пари, особено не во Хрватска“, вели Шупуковиќ за „Вечерњи“.

Дибиров потпиша нов договор, исто така и Валчак, а од клубот замина Моралес во Израел. Во пензија замина Чупиќ, Хорват се врати во унгарскиот Дабас, а Загреб остана без Сухолежник кој се пресели во францускиот Саран. Заминаа и Пантјар, Клис и Сиротиќ, а во клубот нови имиња се бековите Игор Бељавски, Михајло Радојковиќ и Ивано Павловиќ.

Оваа сезона Загреб во осминафиналето беше елиминиран од францускиот Монпелје.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Една од најдобрите руски ракометарки става крај на кариерата!

Една од најдобрите руски ракометарки, Екатерина Илина, ја...

Познати 20 учесници на Мундијалот во 2025 – еве ги можните ривали на Македонија

Откако беше комплетирана листата на учесници од Европа...

🎥 Тимур Дибиров тренираше под палката на неговата сопруга Ирина

Хрватскиот првак Загреб се уште не ги започнал...

We Are Seeing the Emergence of a New Way the Kremlin Pursues its Enemies

Olesya Kravtsova, an activist and journalist from Arkhangelsk, recently...