Продуктивноста на работа е најниска помеѓу 15 и 18 часот


Мнозинство работници и менаџери, 71 отсто, веруваат дека доцните попладневни часови се најлошото време за работа и дека продуктивноста најмногу паѓа помеѓу 15 и 18 часот, според истражувањето на Слек (Slack), филијала на калифорниската компанија Сејлсфорс.

Тоа истражување е спроведено во соработка со агенцијата Квалтрикс (Qualtricks) на повеќе од 10.000 испитаници.

Падот на продуктивноста во доцните попладневни часови е последица на нормалниот деноноќен ритам на телото, што значително опаѓа помеѓу 14 и 17 часот, велат експертите.

На вработените им се советува да работат лесна работа, да прават кратки паузи или да ја слушаат омилената музика во доцните попладневни часови за да ја зголемат концентрацијата на работните задачи.

– Реклама –



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Ден на сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј

Државно-црковната делегација предводена од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова престојува во...

Супер Глоуб станува „Светско клупско првенство“

Досегашниот формат на натпреварување познат како Супер Глоуб...

Македонија од трет шешир во ждрепка – може да игра во Хернинг, Осло, Загреб…

Светската ракометна федерација ги објави шеширите пред ждрепката...