Пролет го донесе пивотот Стојчевиќ, Василевски потпиша нов договор

Пролет го донесе пивотот Стојчевиќ, Василевски потпиша нов договор

Тимот на Пролет го комплетираше првиот трансфер во пресрет на новата сезона, потпишувајќи двегодишен договор со Стефан Стојчевиќ.

Овој перспективен пивот доаѓа од освојувачот на Купот на Македонија, каде не доби премногу голема минутажа по ланскиот трансфер од таборот на Бутел.

Станува збор за исклучително талентиран ракометар кој ќе биде од голема помош во нападот и во одбраната, покривајќи ја пивотменската позиција што остана испразнета по заминувањата на Арсеновски и на Крстевски.

Тимот на Пролет успеа да го задржи во своите редови Александар Василевски, со кого беше потпишан нов договор и искусниот лев бек и во новата сезона ќе ги брани боите на Пролет.

Василевски важи за беспрекорен шутер, на неколку натпревари беше и најдобар стрелец на Пролет, а игра и значајна улога во одбраната на тимот на Александар Јовиќ.

Пролет продолжува со преговори за ангажман на уште неколку засилувања со кои би бил заокружен ростерот за наредната натпреварувачка сезона.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ