Пролет пролета преку Вардар Неготино

Ракометарите на Пролет со домашна победа ја отворија новата сезона во најсилното ракометно натпреварување во Македонија. Ја совладаа екипата на Вардар Неготино со резултат 35-21(16-9), во рамките на 1. коло од групата Б во машката Суперлига.

Уште од самиот почеток скопскиот прволигаш создаде предност од два гола, која ја искористи да го одржи притисокот и воспостави контрола над темпото и реузлтатот. Гостинските ракометари направија многу грешки во обидите за напад на голот на Пролет, а единствено голманот Миниќ не дозволи комплетен потоп на неготинчани во Скопје. До средината на првиот дел Пролет дојде на „плус пет“, а разликата се задржа до самиот крај. Финишот на првите триесет минути, домашните ракометари го искористија да ја зголемат предноста и најават доминацијата на овој дуел, па така на полувреме двете екипи заминаа со разлика од седум голови,16-9.

На почетокот на вториот дел комплетно беше разбиен отпорот на гостинските ракометари. До 36 минута Пролет веќе имаше двоцифрена разлика (20-10), а водството растеше до највисоки 26-12 во 46.минута. Во средината на второто полувреме Вардар Неготино успеа да намали мал дел од високата предност на противникот и во 50. минута имаше резултат 27-16 што не беше доволно за да се надева на достоен пораз.

Пролет го искористи периодот кога имаше играч повеќе на теренот, по тајм аутот повторно ја воспостави контролата над играта и создаде нова низа голови која резултираше со високи 33-17 во 55 минута за конечно демонтирање на противникот. Кога веќе се беше познато на теренот, двете екипи го дочекаа последниот судиски свиреж со конечен резултат 35-21.

Најпрецизен кај Пролет беше Палевски со 6 голови, а го следеа Андоновски и Додевски со по 4 голови. Кај Вардар Неготино Кузманов постигна 4 погодоци, а Адамовиќ 3.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Супер Глоуб станува „Светско клупско првенство“

Досегашниот формат на натпреварување познат како Супер Глоуб...

Македонија од трет шешир во ждрепка – може да игра во Хернинг, Осло, Загреб…

Светската ракометна федерација ги објави шеширите пред ждрепката...

Ѓорѓески: Со максимален ангажман од сите играчи можеме до победа против Вардар

После тринеделната пауза поради репрезентативните обврски и завршницата...