Промените нека почнат од изборниот модел

Колумна на Габриела Арсова:

Дури лутаме напред, назад, дури не може едно нешто да се започне и заврши на нормален начин и како треба, можеби е вистинско време да се решат нештата за кои барем декларативно се има согласност, а се исклучително многу важни. Што сакам да речам?

Ако со поразени генерали не се добиваат нови војни, ако проблемите не се решаваат  со ист начин на размислување како кога се создале, ако реално се сакаат промени, нели е време за вистински промени? Промени во смисла не дали ќе се овие или оние на власт, промени на владеачките структури не по основ на незадоволството на народот и вечното гласање ЗА ПРОТИВ, туку суштински промени. Какви? Од каде да се тргне? Од изборниот модел. Конечно да се ПРОМЕНИ ИЗБОРНИОТ МОДЕЛ како шанса за избор на движечки идеи, избор на квалитетни личности, професионалци во своите струки, реализирани и подготвени да градат. Чинам повеќе од доволно има професионалци за рушење, гнасење, омаловажување.

Дури маки се мачат со уставот, со европската иднина, дури на долго и широко се тркалаат вечните балкански теми, проблеми за минатото и кој знае има ли решенија на повидок, реално би можело  да се поработи на законот за нов изборен модел. Тема и проблематика која зависи исклучиво од нас. Да се оформи и изгласа без партиски калкулации, без зли намери, а се во името на доброто на народот, за доброто на државата!

Веројатно една изборна единица е потребна и доволна за држава каква е нашата во која безмалку сите се познаваме лично или преку некој познат или сме роднини. Гласањето за личности заокружувајќи ги со име и презиме по избор, а не како партијата ги подредила по ред, сигурно многу нешта би променило. Сигурно би било прилично стимулативно за предлагање квалитетни личности и уште посигурно секој би требал добро да се потруди за гласот на граѓаните. Не знам како ова би се одразило на партиите во однос на нивните видувања за освојување на власта, но сигурно е одлично решение за избор на вистински, квалитетни луге кои реално си ги одмериле силите преку освоениот број на гласови. Овој модел е стимулативен и за самите партии. И во партиите ќе си знаат кој колку „тежи“ согласно искажаната доверба на граѓаните. Што ако некој на листата освои повеќе гласови од лидерот, на пример? Дали би било тоа посилен основ за напуштање на лидерска позиција од изгубени избори? Дали ќе е појасно кои ќе ги кројат стратешките политики во партиите?

Веројатно на првите следни избори нема да се види комлетната слика на суштината на промените, но секој пат почнува со првиот чекор. Со исчекорување напред. Ајде, време е за промени!

Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Висла Плоцк пружи силен отпор, но „светците“ се блиску до четвртфинале во ЛШ

Полскиот вицепрвак Висла Плоцк пружи силен отпор против...

Џатевска без грешка во дуелот против Будаорш

Македонската репрезентативка Ивана Џатевска и нејзиниот тим Кишварда...

Дарко Димитриевски има нов клуб

Македонскиот интернационалец Дарко Димитриевски и во наредните две...

Коралес ја „спушти“ ролетната – Веспрем со лекција за ПИК Сегед

Ракометарите на Веспрем славеа на првиот осминафинален дуел...