Пророштвото на свети Гаврил Велички

Ламбе Арнаудов

Деновиве го чествуваме денот на СВЕТИ ГАВРИЛ ВЕЛИЧКИ еден од поновите светци прогласен од МПЦ, ми се чини некаде кон крајот на 2017 година.

Извонредна личност со врвно научно образование и во делот на световната област, но уште повеќе и со голема страст и преданост во религијата каде што самиот вели дека се пронашол себе си, во пост, во молитви и бденија се доближил до ГОСПОД.

Од раните ученички денови до средношколски првенец и брилијантен студент, паралелно на два факултети, се стекнал со дипломи историчар на уметноста и дипломиран теолог. Признат сликар, скулптор, познавач на историја на уметноста, но и благороден и богоугоден, апостолски одбран да го шири и распространува божјото слово во кое искрено и со цело свое срце верувал.

Активен учесник, сведок и на световните движења и премрежија, но и на црковните сопки, замки и подметнувања, прво низ предизвиците со кои се пресретнал на СВЕТА ГОРА при својот престој, односот на Бугарската и Грчката православна црква, одбивноста кон него лично, но и негирањето на постоењето на автокефална Македонска православна црква.

Исто така, и при службувањето на БОГА овде во Македонија како честит монах, роден патриот и верник, каде очекувал да најде мирно пристаниште за својата напатена душа и одмор за својот бунтовен дух од неправдите и лагите на световниот живот, доживеал слично разочарување.

Не потклекнувал, се борел срчено против сите надворешни влијанија, а и внатре во ЦРКВАТА ги разобличувал помодарските појави близу до ерес, и самопонижување и само непризнавање.

Ова е само мал дел од вистинските вредности со кои располагал и дарувал и пренесувал на другите овој човек кој заслужено бил прогласен за СВЕТЕЦ на МПЦ.

Е, сега штом ваква ретка големина, грамада од личност и интелектуален капацитет, и истовремено заради својата чиста духовност близок до ГОСПОД, пророкува и опоменува треба сите да не замисли и загрижи.

По сведоштвото на еден мој голем пријател, прислужник во црквата, госпоѓа која присуствувала на последната литургија со која чиноначалствувал СВЕТИОТ ГАВРИЛ ВЕЛИЧКИ во манастирот СВЕТИ ГАВРИЛ ЛЕСНОВСКИ, мајката тврди дека целата богослужба толку ревносно ја одржал што цело време ронел солзи и ги расплакал сите присутни.

Во прв момент верниците мислеле дека е болен и плаче за себе но набргу разбрале дека се грешка.

Во беседата по молитвата ги замолил верниците да се молат за опстојот и процутот на својата татковина МАКЕДОНИЈА и МАКЕДОНСКИОТ ПРАВОСЛАВЕН НАРОД, за истрајноста во верата и љубовта кон нив оти без тоа ќе не нема.

Вџашени и збунети верниците се прашувале: “Од каде сега сево ова“ со оглед дека тоа се случувало пред 1990 година.

Сите вие мили мои МАКЕДОНЦИ родени, венчани, неродени и за жал починати ќе ви биде променет ИЗВОДОТ од датумот на раѓање, а КРСТИТЕЛНОТО со вашето име ќе ви ги искинат и запалат.

Служејќи се со псалми од ЕВАНГЕЛИЕТО и БИБЛИЈАТА да не веруваат на лажни пророци кои во голем број ќе се појават, фигуративно мислејќи на одродените и недокрстени политичари но и недостојни црковни служители, им порачал да се потпрат на чесни политичари кои ќе ги препознаат и како благочестив и богоугоден народ да го следат својот трибун, и да се молат и крстат во светата православна вера, љубов и надеж што ќе ја пронајдат во чесните лидери кои ќе произлезат од народот и на народот им припаѓаат и црковни великодостоинственици кои МАКЕДОНСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА ја ставаат во прв ред како атрибут на државноста на МАКЕДОНИЈА и посебноста на МАКЕДОНСКИОТ НАРОД.

ТИ БЛАГОДАРАМ голем СВЕТЕЦУ МАКЕДОНСКИ ГАВРИЛЕ што им ги отвори очите на чедата од твојата ПАСТВА да внимаваат на твоите пророштва, но и да ги следат благородните пораки за да ги препознаеме новите лидери на спасението во световниот и духовниот наш живот, кои за среќа според сите анкетни испитувања се веќе во служба ба својот народ и на татковината МАКЕДОНИЈА.

 

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ