Прво, па машко – Аеродром со победа дебитираше во елитата!

Екипата на Аеродорм, која е дебитант во Супер лигата, со победа го започна настапот во најквалитетното натпреварување во Македонија, откако на гостувањето во Куманово против истоимената екипа славеше со 34:32.

Домаќинот со двата погодоци на новото засилување, репрезентативецот на Грузија, Уча Гамзардија, на почетокот дојде до 2:0, но гостите од Аеродром набрзина со два гола во низа изедначија на 2:2. Првиот гол на Аеродром во дебитанската сезона во Супер лигата беше дело на Димевски. Избраниците на Петровски во желбата да го покажат најдоброто од себе, се почесто грешеа во нападите.

По нерешените 3:3, домашниот тим со погодоците на Гамзардија и Мрвовиќ успеа да ја врати почетната предност победувајќи со 5:3. Мотивираните гости повторно израмнија, беше 5:5 во 10-та минута и за само две-три минути игра, домашниот тим дојде до максималните два гола разлика, 7:5.

Куманово имаше плус два уште во неколку наврати и откако беше 9:7, гостите со серија од 3:0 направија пресврт, најпрво изрманија на 9:9 и во 20-та минута дојдоа до првото водство, 10:9. Во последните десет минути имаше голема борба, двете екипи не можеа да направат исчекор, се играше гол за гол, па така по 30 минути игра резултатот беше 15:15.

Аеродром на почетокот на вториот дел имаше шанса да се одлепи на два гола разлика, но домашниот тим не дозволуваше лесно да биде совладан. Двете екипи наизменично се менуваа во водство и најчесто резултатот беше нерешен. Во 45-та минута беше 23:23 и веќе тука беше јасно дека само нијанси ќе одлучуваат кој ќе ги освои бодовите во првото коло.

Иако составот на Петровски успеа да поведе со 25:23, домашниот тим со два брзи гола изрмани на 25:25 во 48-та минута. Дебитантот на пет минути пред крајот од 28:28 дојде на 29:28 и не успеа да реализира седмерец за плус два, но затоа тоа го направи во 58-та минута, поведе со 32:30 и имаше мирен финиш.

Победничката екипа беше предводена од Наум Костов и Виктор Труфуноски, кои постигнаа по осум погодоци во домашната мрежа. Кај Куманово први стрелци беа Јован Даневски и Влатко Тасевски со по седум погодоци.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Ваљадолид се збогува со Дарко Димитриевски

Македонскиот интернационалец Дарко Димитриевски во новата сезона ќе...

Хрватска со нов селектор против Македонија на ЕП

Младинската репрезентација на Хрватска ќе има нов селектор...