Прво прашање за уставната дебата: Сака ли ЕУ воопшто нови членки?

Владата е упорна околу својата намера да го менува Уставот. Го става на страна мислењето на македонските граѓани кои и во анкетите се гледа дека во огромен број се против уставни измени. Ама премиерот Ковачевски ќе отворал дебати за отворање на уставот за да се виделе потребата од тоа…

Значи, џабе вергла народот – мора да се разговара за најново уценување дојдено од власта и од странство: Да се направат уставни промени со цел Бугарите да се внесат во Уставот.

И кој е првиот аргумент на вичепремиерот Маричиќ дека тоа мора да се стори – така ќе продолжеле преговорите за членство во ЕУ, ќе почнеле да се отвораат некакви си поглавја и брзо ќе сме влегле во ЕУ. Дури и датум кажуваат – во 2030 година. 

Добро. Ајде тогаш да почнеме со дебатата. Прва дилема по оваа кажување на Маричиќ што треба да се расчисти:

Дали во ЕУ постои реално расположение за проширување? Сакаат ли во Брисел навистина прием на нови членки во догледна иднина или тоа само се кажува како леплива парола? Може ли и планира ли ЕУ да расте со нови членки или се истроши таа енергија, желба и можност за подолг период?

Ете, со ова може да се отвори дијалогот за промена на Уставот. На ова требна да си одговориме самите ние во Македонија. На ова прашање треба да бараме одговор и во Брисел.

И да се разбереме. Не е искрен дијалог ако ни се каже од нашиве функционери: „ние својата работа да ја завршиме“ или ако некој како еврофункционерите Урсула фон дер Лајен, Жозеп Борел, Оливер Вархеји… дадат изјави во стилот „многу сакаме да ги видиме земјите од Западен Балкан во ЕУ“.

Потребно е нешто многу поконкретно. Пароли се изнаслушавме. Во Македонија довербата на граѓанита во ЕУ е на рекордно ниско ниво. Брисел мора да покаже дека ЕУ е кредибилна организација која стои позади своите ветувања, а македонската власт треба да бара поголеми гаранции и заштита на македонскит интерес, а не само слепо да исполнува барања од евробирократи.

Кога ќе се расчисти ова прашање, потоа дијалогот за промена на Уставот може да почне. А тогаш следуваат нови прашања, од типот – ќе добие ли Македонија нови условувања и уцени?

Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Драчево со гол од пенал ги освои бодовите против Младост Богданци

Ракометарите на Драчево на свој терен успеаја да...

Веспрем повторно му одржа лекција на ПИК Сегед

Екипата на Веспрем денеска уште еднаш му покажа...

Магдебург гази се пред себе – на чекор до титула во Германија

Во дерби дуелот од 29. коло во Бундес...

Ustavni sud se ponio kukavički

POSTIZBORNI cirkus ulazi u svoj...