Рајн Некар го освои трофејот на „С-Купот“

Екипата на Рајн Некар, која е ривал на Вардар во квалификациите од Лигата на Европа, го освои трофејот на „С-Купот“.

Рајн Некар во дуелот за прво место за ривал го имаше незгодниот Гепинген и успеа да запише триумф од 41:37.

Најефикасни во дуелот со Гепинген беа Јаник Колбахер со осум и Патрик Грецки со шест погодоци. Голманот Давид Шпат за 20 минути имаше пет интервенции, додека неговиот колега Џоел Бирлем за 40 минути забележа 10 интервенции.

Ракометарите на Рајн Некар во полуфиналето на „С-Купот“ славеа против Балинген со седум гола разлика (36:29), а на претходните два дуели, против нисколигашите Валцбахтал и Опенвајлер. имаа убедливи триумфи од 62:16, односно 44:29.

Вардар и Рајн Некар Левен ќе играат на 26 август во Скопје, додека реваншот е на 3 септември во Хајделберг.

Победникот од квалификацискиот двобој меѓу македонскиот тим и бундеслигашот ќе обезбеди пласман во групната фаза од Лигата на Европа и ќе игра против Нант, Бенфика и Кристијанштад.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Ѓорѓески: Со максимален ангажман од сите играчи можеме до победа против Вардар

После тринеделната пауза поради репрезентативните обврски и завршницата...

Николов и Начевски со голем предизвик – ќе судат дуели за титула во Саудиска Арабија!

Македонските арбитри Славе Николов и Ѓорѓи Начевски пред...

Колумна: Мицкоски Versus Мицотакис – OhridNews

Абре таман сиромајот се фати на орото одма се...