Ракометарите на Франција тргнаа победнички во Диселдорф и станаа шампиони, ќе ги следат ли фудбалерите?

Ракометарите на Франција тргнаа победнички во Диселдорф и станаа шампиони, ќе ги следат ли фудбалерите?

Во центарот на вниманието на фудбалските и спортски фанови во овој период е Европското првенство во Германија.

Француските медиуми направија интересна споредба со ракометарите, кои станаа европски шампиони на ракометното ЕП што исто така се играше во Германија и со фудбалерите кои тргнаа победнички на континенталниот собир.

Ракометарите го играа првиот меч на „Меркур Шпил Арена“ во Диселдорф и ја победија Македонија со 39-29 пред 55.000 гледачи, а потоа и ја освоија европската титула.

Фудбалерите пак потешко од очекувањата триумфираа против Австрија со 1-0 и тоа со автогол, но и покрај тоа се брои победата, а овој натпревар се играше токму на „Меркур Шпил Арена“ во Диселдорф, па тамошната јавност со право очекува повторување на ракометниот успех од фудбалерите.

Французите се во група уште со Холандија и Полска.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ