Ракописот од „Bohemian Rhapsody“ продаден за 1,6 милиони евра

Ракописот на големиот хит „Bohemian Rhapsody“ на легендарниот британски бенд Queen, кој го напишал починатиот пејач Фреди Меркјури, е продаден во средата вечерта на наддавање во Лондон за 1,6 милиони евра.

Овие 15 страници испишани со молив и пенкало на хартија со логото на сега веќе згаснатата воздухопловна компанија „British Midland Airways“ го открива процесот на настанување на овој голем безвременски хит, наведува аукциската куќа Sotheby’s.

Од ракописот, меѓу другото, видливо е и дека песната можело да се вика и „Mongolian Rhapsody“.

Аукциската куќа пред наддавањето ја проценуваше вредноста на ракописот на меѓу 930.000 и 1,4 милиони евра.

На наддавањето на Sotheby’s за два милиона евра е продаден и клавирот на Фреди Меркјури на кој ја компонирал „Bohemian Rhapsody”. Пејачот овој инструмент од марката „Yamaha“ го купил во 1975 година за илјада британски фунти.

Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

📷Војводина си направи малер – предвреме „прослави“ трофеј

Тимот на Партизан ја шокираше Војводина и го освои...

Хансен се враќа на терените – ќе биде спремен за двомечот со Веспрем

Легендарниот дански репрезентативец Микел Хансен моментално отсуствува од...