Ристовска и ЦСКА Москва по вторпат го освоија трофејот во рускиот Супер Куп

Екипата на ЦСКА Москва, во која настапува репрезентативката на Македонија, Сара Ристовска, го освои Супер Куп трофејот во „зборнаја“.

Московската екипа до трофејот дојде откако ја совлада Лада Тољати со пет гола разлика, 29:24 (14:10).

Ристовска на теренот мина речиси 26 минути и успеа да постигне два погодоци од три обиди.

ЦСКА Москва беше предводена од Елена Михаиличенко со осум погодоци. Во составот на Лада Тољати најефикасна беше Алина Кишко, која исто така имаше осум реализации.

ЦСКА Москва во својата клупска историја сега има два трофеи од Супер Купот, два трофеи од националниот шампионат и еден трофеј од Купот на Русија.

Клубот на Ристовска во сезона 2020/21 беше учесник кна Ф4 турнирот од Лигата на шампионите.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Француски документарен филм за конфискуваната колонијална уметност е победник на Берлиналето

Добитник на Златната мечка за најдобар филм на овогодинешното...

Дивата од модните писти слави 58 роденден: Се трудам да бидам добра

– Благодарна за уште еден сет роденденски свеќички –...

Големо невреме зафати делови од БиХ – училишта и болници останаа без покриви

Силно невреме придружено со силен ветер во текот на...

Димитриевски: ЗНАМ нема да поддржи избор на претседател во Собранието

Вакви барања секогаш доаѓаат во предизборен период, и наводно...