Ривалот на Македонија со 20 играчи ги започна подготовките

Ривалот на Македонија со 20 играчи ги започна подготовките

Репрезентацијата на Црна Гора, која е еден од ривалите на Македонија на Европското младинско првенство, ги започна подготовките за младинскиот Мундијал.

Црногорскиот селектор Драшко Мрваљевиќ за време на подготовките ќе може да смета на 20 ракометари, еден од нив е поранешен член на Вардар.

Станува збор за средниот бек Андреј Добрковиќ, кој во редовите на „црвено-црните“ настапуваше во сезона 2022/23.

Средниот бек откако замина од Вардар се пресели во Унгарија, таму го носи дресот на суперлигашот Дабас.

Црна Гора, освен Македонија, за ривали во групната фаза ги има и репрезентациите на Хрватска и Австрија.

Европското младинско првенство ќе се игра во словенечкиот град Целје од 10 до 21 јули.

Играше во Струга, а сега стана дел од стручниот штаб на Црна Гора



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Сиднеј Универзитет им се придружи на Барса, Веспрем, Магдебург…

Се комплетираа учесниците на претстојното Светско клупско првенство...

Магдебург најде дефанзивец – доаѓа Шпанецот Серадиља

Поранешниот европски првак Магдебург го промовираше второто засилување...

Една од најдобрите руски ракометарки става крај на кариерата!

Една од најдобрите руски ракометарки, Екатерина Илина, ја...

Познати 20 учесници на Мундијалот во 2025 – еве ги можните ривали на Македонија

Откако беше комплетирана листата на учесници од Европа...