Руската сонда „Луна-25“ ја направи првата снимка од темната страна на Месечината

Меѓупланетарната автопатска станица „Луна-25“ ги направи првите снимки од ткн темната страна на Месечината со камерите од системот СТС-Л, соопшти риската вселенска агенција Роскосмос.

Снмимката е направена во четвртокот претпладнето по средноевропско време, и го прикажува јужниот поларен кратер Зееман на страната од природниот сателит кој нокогаш не е видлив од Земјата.

Како што објаснуваат од Роскосмос, кратерот Зееман е искличителен објект на површината на Месечината, кои предизвикува голем интерес кај научнциите, бидејќи висината на рабовите кои го опкружуваат достигнува до осум километри над површината на релативно рамното дно.

„Добиените снимки зналително ги надополнуваат во моментов достапните информации за овој кратер“, исстакнуваат од Роскосмос.

„Беа измерени потоци од гама зраци и неутрони од површината на Месечината, а беа добиени параметрите на кружната вселенска плазма и гасноправливата егзосфера во кружнаа орбита“, се наведува во соопштението на руската вселенска агенција.

Ракетата „Сојуз 2.16“ со првата по речиси половина век руска лунарна стаица беше лансирана од космодромот „Васточни“ на 11-ти август. Главна цел на мисијата е да го изведе првото во историјата ткн „меко атерирање“ на површината на Месечината, во близина на јужнит пол на природниот сателит на Земјата и тоа од неговата темна страна, и притоа да изведе истражување на почвата за присуство на мраз, односно вода. Слетувањето на сондата „Луна-25“ се очекува на 21-ви август.

Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Соиграч на Филип Талески пред преселба во Партизан

Тимот на Партизан за следната сезона создава тим...

Фуксе Берлин по долга пауза се враќа во европската елита

На неколку кола пред крајот во најквалитетната лига...

Не го однесе клубот на Ф4 во ЛШ, па си заработи отказ

Скапиот проект на ЧСМ Букурешт петта сезона по...

Три екипи во битка за директен опстанок во елитата

Утре со натпреварот меѓу Скопје и Мулти Есенс...