Саудијците подготвиле понуда што не се одбива и за Никола Карабатиќ?!

Саудиска Арабија е во центарот на внимание на фудбалската јавност по баснословните суми што ги нуди на фудбалерите, а веќе станува и на ракометната јавност.

Најпрво го купија Андре Гомеш од Мелсунген, и беше најавено дека ќе заработува 600.000 евра годишно, иако според нашите информации целиот трансфер чинеше „само“ 300.000 евра.

Потоа се појавија информации дека Петар Ненадиќ има понуда за трансфер во Саудиска Арабија, па бомбастични најави за ангажман на Микел Хансен и Никола Карабатиќ.

Двајцата се при крајот на своите кариери, а тоа Саудијците сакаат да го искористат за да привлечат други ѕвезди да се преселат таму. Има најави дека аплицирале за организација на Светското првенство во 2029 или 2031 година.

Од данскиот Алборг, каде што во моментов игра Хансен, во изјава за „Екстрабладет“ се вели дека понуда за него во клубот засега не е пристигната. Истиот медиум тврди дека се работи за понуда од конзорциум на клубови и дека Хансен има можност сам да одбере кога би сакал да ја прифати понудата од 6.000.000 долари – сега, на зима или следното лето.

Данците пишуваат и дека Никола Карабатиќ ја има истата понуда. Неговиот договор со ПСЖ завршува следното лето кога ќе се играат и Олимписките игри во Париз и веројатно тоа ќе значи крај на кариерата, но доларите од Саудиска Арабија би можеле да го премислат…



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Ваљадолид се збогува со Дарко Димитриевски

Македонскиот интернационалец Дарко Димитриевски во новата сезона ќе...

Хрватска со нов селектор против Македонија на ЕП

Младинската репрезентација на Хрватска ќе има нов селектор...