СДСМ фаќа замаец за работење, се самохрабри или на избори мисли?

Врхушката на СДСМ последниве денови беше растрчана низ Македонија. Одржуваше трибини каде на своите симпатизери им обаснуваше дека ја водат државата кон подобра иднина. Многу самопофални зборови паднаа, многу ветувања се дадоа.

Вчера во Скопје на голема национална трибина во салата „Борис Трајковски“ социјалдемократите го заокружија караванот трибини „Силно и одлучно кон иднината“. Се обрати премиерот Димитар Ковачевски.

-Влеговме директно во огнот, за да испорачаме резултат, воскликна првиот човек на СДСМ.

Тој кажа дека со собирот го одбележува и својот едногодишен мандат како претседател на СДСМ. Го спомена и новото централно и локални раководства.

-Ќе зборувам искрено, директно, без калкулации, без флоскули, како човек, и со разум, но и со многу емоции! Поинаку не знам, ниту сакам, потенцираше Ковачевски.

Лидерот на социјалдемократите истакна дека ја започнале годината со јасна визија и обврска.

-Одлучивме да се менуваме, да бидеме подобри и поуспешни, не за себе, туку за граѓаните и државата. Од првиот момент, ниту јас, ниту моите колешки и колеги, не застанавме на тој пат ниту еднаш! Посветено, чесно и целосно се внесовме во спроведувањето на нашите обврски и ветувања! Единствено по принципот ветено-спроведено, кажано-извршено!, рече Ковачевски.

Со овој настап на Ковачевски караванот на СДСМ завршува. Силни зборови се кажуваа – сега би требало да следува посилна и вистинска работа во Владата, во министерствата, во парламентот, во… Го може ли тоа и ќе го направи ли СДСМ?

Времето наскоро ќе покаже дали трибините биле замаец за посериозно работење или пак е самоохрабрување во време кога анкетите кажуваат дека рејтингот на СДСМ не е висок. А можеби е и подготовка за вонредни парламентарни избори?

Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ