СДСМ го искара ВМРО-ДПМНЕ за задолжувањето на општините и отиде да ја задолжи Македонија

Македонија полека станува презадолжена земја. Властите земаат обемни кредити како да се еден пар евтини чорапи. Сето тоа ќе го враќаат граѓаните. До кога ќе има презадолжувања?

И за ова презадолжување има партиски пресметки. Последниве две-три недели доволно беше неколку општини во земјава раководени од градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ да најават дека ќе се задолжат со обврзници од по неколку милиони евра па да реагираат од владеачката партија СДСМ.

-Локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ за речиси година и половина прави долг од над 16 милиони евра, во четири општини. Гази Баба ќе се задолжува со пет милиони, Аеродром со 5.4 милиони евра, Прилеп со пет милиони евра и општина Бутел со два милиони евра. Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ се покажаа како неспособни расипници, соопшти оваа партија.

Добро е што владеачката партија е загрижена околу тоа што општините ќе се задолжуваат. Секако со право, бидејќи и тие долгови ќе влезат во вкупниот јавен долг што го има државата.

Но, тие не ја задолжуваат државата со многу, многу пообемни кредити?

Податоците за задолженоста на државата веќе со години покажуваат зголемување, без оглед кој е на власта. Долгот од 4,7 милијрди евра во 2017 година сега изнесува 7.226 милиони евра, или 60,8 проценти од БДП. Односно, за пет години откако СДСМ е на власт долгот пораснал за 2.526 милиони евра.

Околу ова, опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ многупати реагирала дека се работи за неоправдани задолжувања, дека не се знае каде завршуваат парите, за што се потрошени, дека се трошат за владеачката партија… Се разбира, од СДСМ тоа го отфрлаа, тврдеа дека кредитите се потребни.

Значи, се слушаа исти обвинувања коишто сега владеачката партија ги соопштува за задолжувањата на општините. Излегува дека партиите меѓусобно си се обвинуваат, а задолжувањата си продолжуваат.

А развојот кој треба да дојде после кредитите никаде го нема.

Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Висла Плоцк пружи силен отпор, но „светците“ се блиску до четвртфинале во ЛШ

Полскиот вицепрвак Висла Плоцк пружи силен отпор против...

Џатевска без грешка во дуелот против Будаорш

Македонската репрезентативка Ивана Џатевска и нејзиниот тим Кишварда...

Дарко Димитриевски има нов клуб

Македонскиот интернационалец Дарко Димитриевски и во наредните две...

Коралес ја „спушти“ ролетната – Веспрем со лекција за ПИК Сегед

Ракометарите на Веспрем славеа на првиот осминафинален дуел...