Се активираат и прволигашите – еден дуел за загревање, вистинското претстои викендов

Денеска ќе стартува пролетниот дел од Првата лига, со натпревар од плеј-аут, кој нема вистинско значење бидејќи нема испаѓање од оваа конкуренција.

Во Велес, екипата на Борец ќе игра против Астраион, во натпревар на кои струмичани се големи фаворити.

Вистинските возбудувања започнуваат викендов со натпреварите од плеј-офот, а дербито ќе се игра во Богданци каде Младост ќе го пречека Драчево.

Уште еден интересен натпревар се очекува и во Автокоманда, каде Металург РА ќе се соочи со Радовиш.

Шампион ќе игра против Бисинов, додека Јехона во Гостивар ќе го пречека составот на Македонија Ѓорче Петров.

Прва лига, плеј-оф, 1 коло, распоред:

02/03, 17:00, Младост Богданци – Драчево
02/03, 20:00, Металург РА – Радовиш
03/03, 17:00, Шампион – Бисинов
03/03, 18:00, Јехона – Македонија ЃП

Прва лига, плеј-аут, 1 коло, распоред:

29/02, 19:30, Борец – Астраион
03/03, 14:00, Кичево – Текстилец
03/03, 18:00, Преспа – Партизан Гевгелија
Овче Поле слоб.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Чаневски одличен, Макаби Ришон од второ место во полуфиналето на плеј-оф

Израелскиот шампион Макаби Ришон Ле Зион, каде што...

Митревски „спушти ролетна“, Порто ја надигра Бенфика на Талески

Македонскиот репрезентативен голман Никола Митревски ја продолжи одличната...